Одговор на: Како да инвестираш во македонска берза и како да инвестираш во странски берзи?

Форуми за дискусија на Инвестирај.МК

Почетна страница Форуми Акции Како да инвестираш во македонска берза и како да инвестираш во странски берзи? Одговор на: Како да инвестираш во македонска берза и како да инвестираш во странски берзи?

#3820

Дојде и тој ден, покрај сите негодувања премислувања пресметки и што ли уште не, реши дека треба да купиш акции. Супер парите се на сметка, ама берзата нигде ја нема.

Следниот чекор кој што треба да го направиш е да одбереш брокерско друштво. Во Македонија има повеќе брокерски куќи: Илирика, Еуро Хаус, Инново Брокер… Покрај овие брокерски друштва постојат и брокерски друштва формирани од банките како што се: Комерцијална банка, Тутунска банка, ТТК банка, Стопанска банка.

При изборот на брокерското друштво најважно е да ти ги прикажат трошоците за реализација на трансакциите. Иако разликите на трошоците при купувањето на акции варираат од друштво до друштво, тие најчесто се движат околу 1,2% до кај 1,4 % од вреднсота на трансакцијата.

Откако ќе се склучи договор со брокерското друштво, добивате пристап до e-trader апликацијата. Самата апликација е прично едноставна, но мора да се забележи и дека е прилично стара и не соодетствува на денешното време, посебно ако ја споредиме со IBKR. Преку e-trader, ги доставувате налозите до вашиот брокер, кој понатаму ги извршува во ваше име.

Тука треба да напоменеме и тоа дека постојат различни налози по кој ќе се изврши трансакцијата. Доколку се решите да дадете налог каде прво брокерското друштво ќе ги купи акциите, па вие потоа ќе им ги исплатите парите тогаш процентот ќе биде поголем и ќе се движи околу 3% од вреднсота на трансакцијата.

Покрај овие трошоци постојат и трошоци кон Централниот депозитар за хартии од вредност, но тие се незначителни.

Со ова процесот се завршува и вие станувате сопственик на акции кои што сте ги купиле.

Како да инвестираш во странски берзи?

За да можете да инвестирате во странски берзи потребни е да инсталирате апликација која може да го прави тоа. Тука изборот е клучен, бидејќи не сите апликации подржуваат тргување од Македонија. Мојот избор е IBKR (interactive Brokers LL-C) бидејќи се компанија која е со седиште во С.А.Д. и овозможува тргување на тамошната берза која мене ми е од најголем интерес.

Покрај ова оваа апликација има и најниски трошоци, односно наплаќа мала  фиксна сума по транскакција. Недостигот при користење на оваа апликација е тоа што треба да се изврши со меѓународни плаќања, па провизијата е голема, односно негде околу 1800 ден што ја земаат банките преку кои префрлате пари.

За да отворите сметка потребно е да ја симнете апликацијата и да ги следите чекорите што ќе ви ги прикажат. Ова може да одземе ден, или два, бидејќи е потребен пасош кој ќе го скенирате и после тоа треба да го верификуваат.

Откако ќе ви ја одобрат сметката и префрлите пари на неа спремни сте за тргување.

Се надевам дека успеав дел од процесот на инвестирање да ви го претставам и ќе можете брзо и лесно да ги поминете сите чекори.