6 карактеристики на инвестициските фондови

од | 24 јуни, 2024

Инвестициските фондови претставуваат институции кои им овозможуваат на инвеститорите без разлика дали се поединци, или институции да инвестираат во диферзификувано портфолио  од средства (assets). Со овие фондови управуваат професионални менаџери за фондови или пак инвестиски компании. Основната цел на инвестициските фондови е да постигнат добра диверсификација на средствата, да го намалат ризикот од намалување на средствата, како и да остварат профит и приливи на добиените средства.

Во продолжение основните карактеристики на инвестициските фондови:

  1. Диферзификација: Инвестициските фондови, добиваат пари од инвесторите за да можат да направат диверзификувано портфолио од средства (assets) како што се акции, обврзници, недвижнини, или други добра. Диверзификацијата помага да се распределат средствата, со што ќе се намали ризикот и зависноста од перформансите доколку се вложува во само еден тип на средства (asset).
  2. Професионален менаџмент: Фондовите обично се управувани од искусни професионалнци во областа, чие задолжение е да носат одлуки за инвестирање на средствата, во име на инвеститорите.  При носењето на одлуки за инвестирање тие се водат од нивното искуство и знаење, за да можат ефикасно да ги распредеалат средствата од фондовите.
  3. Ликвидност: Поголемиот дел од фондовите се прилично ликвидни, односно инвеститорите можат брзо и лесно да ги продадат своите удели од инвестицискиот фонд и со тоа да ги добијат вложените пари.
  4. Разновидност на класите каде што се инвестирани средствата : Постојат различни типови на инвестициски фондови, врз основа на тоа каде ги инвестираат собраните средства. Најчести типови на фондови се Заеднички фондови (mutual funds) , Берзански фондови (exchange-traded fund ETFs) фондови базирани на недвижнини (real estate investment trusts REITs) и фондови базирани на приватен капитал (private equity funds).
  5. Толеранција на ризик: Инвестициските фондови се разликуваат едни од други во однос на толренацијата на ризик. Оние инвестициски фондови кои што инвестираат во акции најчесто се сметаат за поризчни, од оние кои што инвестираат во обврзници. Првите се поризчни, но можат да имаат поголема финансиска добивка, за разлика од вторите кои што имаат помал ризик, но и помала добивка.
  6. Коефициент на трошоци (Expense Ratios) :  Инвеститорите ги плаќаат трошоците за работа на инвестициските фондови. Трошоците за работа варираат во зависност од фондот каде ќе изберете да ги вложите вашите средства. Овие надоместоци често се изразуваат како сооднос на трошоците и ги покриваат трошоците за управување и работење со фондот.