Како парите да работат за вас, иако немате пари

од | 10 јуни, 2024

Доколку сте вработени и можете да подигнете кредит – направете го токму тоа, подигнете кредит потрошувачки, знам каматата е висока, ќе зароботат на мене, нема јас да им ги полнам џебовите на банките и ред останати причини кои ќе ве одвратат. За мене тоа претставува најдоброто нешто подигнување на кредит… Заработуваш од туѓи пари… Кредитот ти овозможува од ништо да создадеш нешто, од 0 денари да направиш денари. Како ќе прашате, одговорот е едноставен купете акции, не било какви, купете акции кои носат дивиденда. Јас го направив следново:

Купување акции со кредит – звучи лудо, но туѓите пари работат за мене

Подигнав кредит на 200.000 денари со рок на отплата од 3 години и со 6.46% номинална каматна стапка(надвор од банкарски термини ќе плаќам околу 100 еур во текот на три години), со тие пари купив акции од Телеком, по цена негде од 395 ден по акција вкупно 496 акции, за кои потрошив 195,920 денари плус провизија од 2351 денар. Тоа беше во период кога Телеком ја објави дивидендата од 5,3% односно 19,34 денари по акција.

 Откако ќе ја направиме математиката ќе го увидме следново 496 акции помножено со дивидендата 19,34 денари ќе добиеме 9.592 денари вкупна дивиденда пред оданочување или 8.537 после одначување. Сега да земеме дека кредитот ќе го отплаќам три години, по околу 6100 ден месечно, во 36 месеци тоа би изнесувало  219.000 денари. Бидејќи акциите се купени од компанија која редовно дели дивиденда и тоа во овие граници од околу 5% би можеле да очекуваме дека и во наредните две години би била тука негде дивидендата.

Преку оваа претпоставка доаѓаме до следното: 8.537 денари дивиденда помонжена по 3 години добиваме дека во три години ќе добиеме дивиденда од 25.611 денари, додека пак за кредитот каматата што ќе ја исплатиме би била негде околу 19600 денари, што ни остава 6.011 денари заработка.

Што ќе се случи после десет години?

годиниБрој на купени акцииДивидендаДанокДобивка после оданочувањеРеинвестирана добивка во акцииВкупна вредност
149619,34 ден11%853721204.215
251719.34 ден11%889822212.905
353919,34 ден11%927723221.990
456219,34 ден11%967324231.470
558619,34 ден11%10.08625241.345
661119,34 ден11%10.51626251.615
763719,34 ден11%10.96427262.280
866419,34 ден11%11.42928273.340
969219,34 ден11%11.91130285.190
1072219,34 ден11%12.42731297.040

Оваа табела е дадена за пример да се види текот на инвестицијата

Бројката обележана со црвено е кога заемот од банката приближно ќе се изедначи со инвестицијата. Тоа е во третата година, односно истата година кога и завршува исплатата на кредитот.

За потребите на примерот е земено цената на акцијата да не се менува и нивото на дивидендата да остане иста.

Што доколку компанијата не исплати дивиденда?

Секоја инвестирање носи и свој ризик, затоа при изборот на компанија од која ќе купиме акции, треба да бидеме повеќе од внимателни и да направиме истражување за компанијата. Избрав компанија која повеќе последователни години исплаќа дивиденда и за која мислам дека и понатака ќе продолжи да исплаќа.   Кредитот ќе се отплати, времето ќе помине, а вам ќе ви останат дивидендите и акциите на кои цената би можела и да се зголеми.