1. Инвеститори на мало
Главна карактеристика на овој тип на инвеститори е тоа што, тие вложуваат помали суми на пари во акции кои самите ги одбираат. Тие најчесто се физички лица кои вложуваат во свое пертфолио за да можат да се стекнат со финансиска добивка, било тоа да е дивиденда, или пораст на цената на акцијата. Наспроти инвеститорите на мало, се наоѓаат институционалните инвестирори.
2. Инстуционални инвеститори
Тука спаѓаат следните институции: банки, инвестициски фондови, фондови за пензиско осигуравање, осигурителни компании. Овие институции најчесто вложуваат големи суми на пари и нивна главна цел е да ги пласираат со добивка парите добиени од други лица, физички или правни. Најчесто овие институции имаат и свои професионални инвестициски менаџери кои ги носат одлуките каде да се пласираат парите.
3. Инвеститори кои бараат вредност
Кај овие инвеститори главна карактеристика е тоа што бараат потценети акции (потценети акции се тие акции, чија книговодствена вредност е пониска од таа што се тргува на берзата). За да ги пронајдат овие акции се следат финансиски извештаи, прават посебни финансиски анализи, се следат и дивидендите што компаниите ги исплаќаат.
4. Инвеститори кои што бараат раст
Инвеститорите кои што бараат раст на акциите, се фокусираат на идните заработки на компаниите и се спремни да платат повисока цена од моменталната, со тоа што се надеваат дека нивната цена во иднина ќе се исплати повеќекратно. Најчесто овде влегуваат компании од технолошкиот сектор.
5. Инвеститори кои за се фокусираат на приходи
За овие инвеститори најважен е приходот кој што ќе го остварат од купувањето на акциите, односно овие акции да им носат стабилен приход, дали на месечно, квартално, или на годишно ниво. Овие инвеститори претежно инвестираат во компании кои имаат долга историја на исплаќање на дивиденди, или пак во обврзници и други средства кои што носат стабилен приход.
6. Инвеститори фокусирани на дневно тргување
Инвеститорите кои тргуваат дневно се стремат да остварат профит во разликите на цената на акцијата во еден тргувачки ден. Прават финансиски анализи за да може да капитализираат на цената на акцијата во дневното тргување.
7. Долгорочни инвеститори
Овие инвеститориго користат пристапот на купи и чувај и најчесто купуваат акции од компании кои што котираат добро на берзата (blue chip companies), или пак акции кои што носат пасивен приход. Овие инвеститори ги чуваат акциите со години надевајќи се на раст на цената на акциите кои што ги поседуваат, додавајќи го на нив и пасивниот приход.
За крај да напоменеме дека овие категории не се исклучиви едни со други, па така често пати инвестирорите користат различни пристапи во зависност од нивните потреби.