Доколку се решите да инвестирате во акции, а не сте сигурни на кој начин да го направите тоа, ви предлагаме седум стратегии кои можат да би помогнат при изборот на купување на акции:
- Долгорочно инвестирање (buy and hold): Оваа стратегија се користи кога инвеститорот купува акции кои нема намера да ги продаде во блиска иднина. Основнате предост на оваа е стратегија е што е лесна за управавуање, односно не бара од инвеститорите активно да учествуваат во управувањето со нивното портфолио, туку оставаат добивките да се акумулираат во текот на времето. Друга предност на оваа стратегија е тоа што носи најмал ризик во однос на другите стратеги при управувањето со вашето портфолио.
- Вредносни инвестиции (value investing): Кога инвеститорите се одлучуваат да ја користат оваа стратегија, бараат компании чии што акции се потценети, односно во тој момент се имаат пониска вредност од пазарната цена. Предноста е што овие акции имаат потенцијал за долгорочен раст, а намален ризик од осцилациите на пазарот.
- Растечки инвестиции (growth investing): Оваа стратегија се користи кога се купуваат акции со голем потенцијал за раст, најчести компании со голем потенцијал за раст се технолошките компании, или пак компании кои што се базираат на иновации. Ова се најчесто нови компании и имаат висок потенцијал за раст во нивната област и во краток временски период. Најчести инвеститори се оние кои имаат висок степен на толеранција на ризик.
- Дивидендни инвестиции (dividend investing): Инвеститорите кои што се одлучуваат за оваа стратегија, бараат компании кои што долги временски периоди исплаќаат дивиденди. Предноста кај оваа стратегии е што на долг план инвестирањето во овие компании може да донесе стабилни и значителни приходи, посебно ако приносот од дивидендата се реинвестира назад. Дивидендното инвестирање е со низок ризик, меѓутоа недостаток е тоа што најчесто дивидендата се одначочува, а со тоа се намалува и нејзиниот принос.
- Индексно инвестирање (index investing): Оваа стратегија вклучува инвестирање во индексни фондови или ETF-ови (exchange-traded funds) , кои го следат перформансот на одреден пазарен индекс. Индексните фондови содржат голем број на акции од различни компании, со тоа ризикот е веќе распределен и не заваси само од една или две акции. Вложувањето во индексните фондови е најприфатливо
- Техничка анализа (technical analysis): Оваа стратегија се фокусира на проучување на графиконите со цел да се идентификуваат трендови и облици кои може да најават движење на цените. Ова вклучува користење на индикатори како SMA (Simple Moving Average), RSI (Relative Strength Index) и други.
- Основна анализа (fundamental analysis): Оваа стратегија вклучува детално проучување на фундаменталните аспекти на компаниите, како финансиската состојба, менадџментот, конкурентноста и индустријските трендови, за да се пронајде вредноста на акциите. Секоја стратегија има свои предности и недостатоци, и не постои универзално правило што е најдобро. Важно е да ги проучите и разберете вашите цели, ризици и временски рамки пред да изберете најподходниот начин на инвестирање во акции. Секогаш разговарајте со финансиски советник, или стручно лице пред да донесете било какви инвестициски одлуки.