Хммм, зошто и како не се баш некои посебни прашања за кои треба некој специфичен одговор, почнуваш ако сакаш, завршуваш како сакаш. Се шалам, не е тоа така… тоа е сериозна тема за сериозни одговори, бидејќи се работи за вашите со крв заработени пари.
Инвестирањето треба да го гледаме низ призмата на раст. Секогаш кога парите седат под перница, или на сметка подолг период, тие губат од својата вредност. Губат од својата вредност поради влијанието на инфлацијата, или поради фактот што не ги ставате во функција да растат и со тоа да ја зголемите вредноста.
Може да земеме една обична ситуација, каде ако чуваме 1000 еур една година, а инфлацијата да биде 5%, практично на почетокот на наредната година нема да имаме 1000 еур, всушност ќе имаме 955 еур, бидејќи за толку пораснале цените и тие 1000 еур ќе имаат помала вредност.
Доколку го примениме правилото за преполовување на парите ќе добиеме резултат дека за 14 години парите ќе имаат половина од својата првична вредност, доколку стапката на инфлација се движи околу 5 % .
Додека пак, ако решиме да ги ставиме парите во банка, или пак да ги орочиме, набрзо ќе увидиме дека каматните стапки на депозитите најчесто не го преминуваат прагот 4%, што е премногу малку за да можеме да почувствуваме разлика, односно нивно растење, бидејќи во многу случаи каматните стапки на банките се помали, или еднакви на годишното ниво на инфлација. Па во таков случај најмногу што сме направиле е сме ја задржале нивната вредност.
За да може да ги избегнеме овие несакани последици, треба да направиме нешто со парите, но прашањето е што?
Сега да ја погледнеме обратната ситуација што ќе се случи ако тие 1000 еур ги ставиме во функција, преку купување на акции од видни компании од македонската берза.
Доколку сме купеле акции од комерцијална банка во вредност од 1000 еур на почетокот од 2023, би имале 5 акции каде цената во тој момент изнесувала 11.800,00 денари. На почетокот на 2024 година цената по која се тргувале овие акции била 14.300,00 денари. Со тоа можеме да увидиме дека имаме раст на нашиот капитал, сега првичните 1000 еур вредат 71.500,00 денари. Што претставува пораст од 21,86% На оваа сума треба да ја додаме и дивидендата што ја подели комерцијална банка во вредност од 500 денари по акција и ќе добиеме сума од 2.500,00 денари, или вкупно 74.000 денари.
Комерцијална Банка | УНИ Банка | Телеком |
1000 еур почетна инестиција | 1000 еур почетна инестиција | 1000 еур почетна инвестиција |
21,86 % раст | 41,75 % раст | 7.67 % раст |
74.000 ден. | 89.295 ден. | 69.273 ден. |
Во вториот случај да ја разгледаме Уни банка на почетокот на 2023 година цената изнесувала 4.000,000 денари. Со инвестиција од 1000 еур би купиле приближно 15 акции. Почетокот на 2024 година цената на акцијата изнесувала 5.670 денари, што носи раст 41,75%. Што значи нашата инвестиција од 1000 еур би се зголемила за 41,75% и сега тие 1000 еур би имале вредност од 85.050,00 денари, или 23.550 денари повеќе. Секако тука не е вклучена дивидендата од 283 денари по акција, со што крајната сума би изнесувала 89.295,00 денари.
Третиот случај кој би го разгледале се акциите од Телеком. На почетокот од 2023 година цената на акцијата изнесувала 365 денари по акција. Со инвестиција од 1000 еур би купиле приближно 168 акции. На почетокот на 2024 година цената изнесувала 393 денари односно за 7.67% . На оваа сума треба да се додаде и дивидендата од 19,34 денари по акција. Па така од инвестиција од 1000 еур за по една година би имале 66.024 денари плус 3.249 денари или вкупно 69.273.
Од практични причини не се земени предвид трошоците при купувањето на акциите, бидејќи од зависност од брокерскта куќа тие варираат. Исто така не е пресметан данокот од 10% во износот на дивидендата. За трошоците при купување и даноците во некоја наредна тема.
Се надевам дека барем малку ви ја разбудив фантазијата за да поченете и вие да инвестирата во акции, или некои други добра преку кои, ќе ја зголемите вашата финансиска моќ.
* Овој текст не претставува финансиски совет, туку е од информативен карактер.