На денешниот ден на тргуваше на македонската берза се тргуваше со акции од 14 компании, од кои 13 компании беа на дневното тргување, додека имаше една блок трансакција. Тргувањето во блок трансакцијата беше со акциите на ЗК Пелагонија АД Битола (ZPKO). Во трансакцијата беа истргувани 46.046 акции со вкупна вредност од 106.780.674,00 денари, односно по 3610 денари по акција.
Големи проценти, големи износи
Со оглед на тоа дека 46.046 акции претставуваат 22.69% од вкупниот број на акции и на тоа да ја додадеме блок трансакцијата од инвеститорскиот ден од 13.09.2024 кога беа истргувани дополнителни 46.054 акции по цена од 3600 денари, односно 22,69%, можеме да заклучиме дека или некој сака да го превземе управувањето со друштвото, или пак бил поттикнат од потценетоста на цената на акцијата на ЗПКО која изнесува 0,18% од вредноста, односно 20.261,81 денари по акција.
Сега останува и на другите инвеститори да видат, дали оваа акција би се нашла во нивното портфолио.