Пред се може да се каже дека инвеститорите со нетрпение го чекале инвеститорскиот ден, бидејќи беа истргувани многу различни акции и имаше невообичаено голем волумен на тргување.
Ако го претставиме тргувањето во бројки тоа би изгледало вака:
Вкупен број на фирми со чии акции се тргувало беа 24 од кои две во блок трансакции и тоа:
Жито Полог АД Тетово (ZPOG) и ЗК Пелагонија АД Битола (ZPKO). Со акцијата на Жито Полог АД Тетово се истргуваа 2875 акции по цена од 2199 денари од акција или вкупно 5.002.500 денари, додека пак со акцијата на ЗК Пелагонија во блок трансакцијата се истргуваа вкупно 46.054 акции по цена од 3.600, или вкупно 106.809.474 денари .
Дневно тргување
Додека пак кај дневното тргување бројки беа следни:
Компании со чии акции се тргуваше 22, број на акции со кој се тргуваше 9837, вкупно тргување 56.107.772 денари, или проближно 912.321 ЕУР.
Трите компании со кои најмногу се тргуваше се Комерцијална Банка, Алкалоид и Тутунска Банка.
Со акцијата на Комерцијална Банка (KMB) се истргуваа 1079 акции со просечна цена од 23.991 и број на трансакции 120. Вкупно со оваа акција се истргуваа 25.886.400 денари и бележи пораст од 0,21%.
На второ место по обем на тргување е акцијата на Алкалоид АД каде што се истргуваа вкупно 471 акција со просечна цена од 22.269 денари и 46 трансакции. Вкупно со оваа акција се истргуваа 10.488.714 денари и бележи пораст од 0.64%.
На трето место се наоѓа акцијата на Тутунска Банка (TNB) со истргувани 119 акции со просечна цена од 45.125 денари по акција, во 27 трансакции. Вкупно со оваа акција се истргуваа 5.369.906 денари и бележи пораст од 0.51% .
Од останатите компании со чии акции се тргуваше може да ја издвоиме Стопанска Банка АД Битола, со која се истргуваа вкупно 1344 акции, по просечна цена од 3.200 денари во вкупно 29 трансакци.