Финансиска слобода како да ја постигнеме?

од | 24 септември, 2024

Финансиска слобода значи да имате доволно приходи, заштеди и инвестиции за да го живеете животот што го посакувате без да се потпирате на традиционална работа. Звучи примамливо за секого, но за моногумина тешко достижно.

Финансиски независна личност може да се пензионира во секое време без да се грижи за тоа како да ги покрие трошоците за живот, дури и ако можеби ќе треба малку да го намали својот животен стил.

5 правила за полесно да ја постигнеме

Постигнувањето на финансиската слобода побарува финансиска дисциплина долг период на инвестирање. Праксата докажала дека луѓето кои што ги следат овие неколку чекори полесно и побрзо можат да ја постигнат.

  • Поставете си цели кои сакате да ги постигнете. Потрудете се тие да бидат возможни и да важат за одреден временски период. Доколку си поставите повеќе годишни цели, правете евалуација секоја година.
  • Направете финансиска евалуација. При евалуацијата видете каде се наоѓате во моментот и каде сакаде да бидете 5 или 10 години од сега.
  • Направете план за трошење и штедење. Во планот за трошење не кратете премногу сепак треба и комотно да живеете. Штедењето нека ви стане навика и секој вишок на денар инвестирајте го, не го чувајте на сметка
  • Воспоставете фонд за црни денови. Овој фонд ќе ви помогне да ги поминете тешките денови кога сте без примања. Потрудете се во овој фонд да може да ги покрие животните трошоци барем за шест месеци.
  • Диферзификувајте ги вашите инвестиции. Видете дали ви се исплати да вложите во третиот пензиски столб, да видите што нудат инвестиските фондови и банките, или пак сами да вложите во хартиите од вредност.

Колку пари се потребни за да ја постигнеме финансиската слобода?

Ова прашање тешко може прецизно да се одговори, поради фактот што секој човек има различни потреби и очекувања. За некои финансиската слобода значи ист комфорт на живеење, па дури и малку повеќе, а накои не би имале проблем малку и да им се намали комфортот сѐ додека немаат потреба од работа. Во Македонија за да бидеме финансиски независни, според сегашните нивоа трошоци би ни биле потребни околку 250.000,00 евра доколку имаме вложено во компании со дивиденден принос од 5%, односно на располагање би имале  1041 евро месечно. За полесна математика и во зависност од вашите очекувања можете да го користите и правилото х25, односно вашите годишни трошоци помножени со 25.