Падот на акциите – закана или шанса? Како да ги искористите следните месец дена на македонската берза

од | 5 февруари, 2025

Што се случува на македонската берза последните две недели ?

Врвот во тргувањето на македонската берза се случува на 21.01.2025 година, кога вредноста на берзанскиот индекс изнесува 11050,29. После овој ден почнува да се намалува вредноста на индексот за на денешен ден да изнесува 10.158,62.  Во овие две недели тргувањето беше обемно,  надминувајќи 600.000. евра промет во еден ден на тргување. Акциите со кој најмногу се тргуваше како и во изминатиот период беа тие на Алкалоид и Комерцијална банка, но покрај нив, доста се тргуваше и со акциите на НЛБ Банка, Македонија Турист Македонски Телеком и Макпетрол.

Што влијаеше на цените

На ова прашање тешко може да се даде прецизен одговор, но најверојатно претставува последица од повеќе фактори како што се геополитчките глобалните пазари, политиката на европската централна банка(ECB), федералните резерви (FED)  и цената на самите акции бидејќи некои од нив се тргуваа по многу високи вредности.

Што се однесува до цените на самите акции тоа изгледа отприлика вака:

Алкалоид

Врвот оваа акција го достигнува на 17.01.2025 кога просечната цена изнесува 30.799 ден, додека пак максималната цена изесувала 31.099 денари. После овој максимум цената на акцијата почнува да паѓа постепено, но континуирано за на денешното тргување просечната цена на акцијата да изнесува 27.275 .

Комерцијална Банка

Акцијата го доживува својот максимум на 20.01.2025 кога просечната цена изнесува 30.960 ден додека пак максималната цена по која е тргувано е 31.000 денари. Во наредниот почнува по малку да се снижува за на 04.02.2025 да падне на 29.517, а денес дополнително да се снижи на 28.029 ден.

НЛБ Банка

Акцијата на НЛБ имаше историска година, бидејќи во 2024 година скоро ја дуплираше цената од околу 30.000 денари на почетокот од 2024 за на крајот од годината просечната цена да достигне 56.162 денари. Растот тука не престана, таа продолжи да расте се до 17.01.2025 година кога просечната вредност на акцијата достигна 59.983 ден. а максималната вреднсот по која се истргувала е 60.000 денари. По ова почнува да се намалува цената за денеска да се спушти на просечна вредност од 55.217 денари.

Макпетрол

Макептрол го достигнува својот врв на 20.01.2025 кога просечната цена на акцијата изнесува, 110.560 денари, а максималната цена по која се тргувала е 111.900 денари. После ова почнува со намалување за на 05.02.2025 година да изнесува 99.000 денари.

Македонски Телеком

Цената на оваа акција варираше во текот на цела 2024 година, тргувајќи се помеѓу минимална 395 денари по акција и максимална вреднсот од  456 денари. На почетокот на 2025 цената и се стабилизираше и почна полека да се искачува за да достигне своевиден врв на 23.01.2025 со просечна вреднсот од 430 денари. По овој период почнува да опаѓа за да денес да се тргува по 410 денари од акција.

Што да направат инвеститорите во следните 30 дена?

Во последната недела, Македонската берза бележи пад на вредноста на акциите, што кај многу инвеститори предизвика загриженост. Додека некои го гледаат ова како знак за повлекување, искусните инвеститори знаат дека ваквите ситуации можат да претставуваат можност за купување под поволни услови. Прашањето е – што да направите во наредните 30 дена за да го заштитите или зголемите својот капитал?

1. Анализирајте ги причините за падот

Прв чекор е да се разбере зошто пазарот се движи надолу. Дали станува збор за глобални економски фактори, како инфлација или каматни стапки? Дали некои од најтргуваните компании објавиле разочарувачки финансиски извештаи? Ако падот е предизвикан од краткорочни пазарни флуктуации или паника, тогаш шансите за опоравување се високи.

2. Избегнувајте панични одлуки

Една од најголемите грешки што инвеститорите ја прават во вакви периоди е продажбата на акции од страв. Ако сте инвестирале во квалитетни компании со добри финансиски резултати, нема потреба од брзи одлуки. Наместо тоа, разгледајте ја нивната долгорочна вредност.

3. Искористете ја можноста за купување

Падот на пазарот може да биде добра можност за инвеститорите кои имаат слободен капитал. Доколку некои акции паднале без суштински причини, тоа значи дека сега може да се купат по дисконтни цени. Ова е стратегија што многу искусни инвеститори ја користат за да ги зголемат своите приноси.

4. Диверзифицирајте го портфолиото

Ако сите ваши инвестиции се во еден сектор, падот може силно да ве погоди. Затоа, размислете за диверзификација – вложување во различни сектори, компании со стабилни приходи или дури и финансиски инструменти како обврзници или ЕТФ фондови.

5. Следете ги економските трендови

Во наредниот период обрнете внимание на макроекономските индикатори, како што се инфлацијата, каматните стапки и девизните движења. Овие фактори можат значително да влијаат на идните движења на берзата. Дополнително, следете ги најавите на компаниите, како финансиски извештаи, дивиденди и потенцијални големи проекти.

6. Долгорочна стратегија наместо краткорочни шпекулации

Ако не сте искусен трејдер, избегнувајте краткорочни шпекулативни потези. Долгорочното инвестирање во солидни компании дава подобри резултати од обидите за „брзи добивки“. Историјата покажува дека берзите секогаш имаат периоди на падови, но со текот на времето, трендот е нагорен.

Заклучок

Наместо да гледате на падот како на загуба, гледајте го како на шанса за оптимизација на вашето портфолио. Искористете ги следните 30 дена за анализа, следење на пазарот и паметни инвестиции. Запомнете – најдобрите профити доаѓаат кога другите инвеститори се плашат, а вие размислувате стратешки.