Зошто акциите на Tesla паднаа за 20% во првата половина на 2024 година, но се вратија оттогаш

од | 23 јули, 2024

Акциите на гигантот за електрични возила остро се вратија во последните недели.

По големиот пад во 2022 година и неверојатнoто закрепнување од 102% во 2023 година, акциите на Tesla (TSLA -0,62%) повторно изгубија позиции во првата половина на 2024 година, паѓајќи за 20,4%, според податоците обезбедени од S&P Global Market Intelligence.

Дали остатокот од 2024 година ќе изгледа поинаку за акциите на електрични возила (EV)? Можеби – акцијата веќе ги поврати сите свои загуби од првата половина и сега се тргува само едвај на зелено, од година до денес. Еве сè што треба да знаете за првата половина на Tesla и што го поттикна тековното закрепнување на акциите.

Тесла се соочува со предизвици

Ентузијазмот на инвеститорите за акциите на Tesla ослабе во јануари, бидејќи растот на побарувачката за електрични автомобили забави на глобално ниво. Tesla постојано ги намалуваше цените на своите возила за да ја поттикне продажбата додека се трупаше залиха, а нејзините бројки од првиот квартал, не остварија многу, за инвеститорите да ги сакаат.

За тој период, Tesla објави пад на испораките за 9% и пад на приходите од 9%. Нејзината бруто маржа се намали за 2 процентни поени на 17,4%, додека нејзиниот нето приход се намали за 55% на 1,1 милијарди долари. Слободниот готовински тек на Tesla падна во негативна територија, а компанијата предупреди дека растот на обемот на возилата во 2024 година би можел да биде „забележително помал“ од минатогодишниот. Во деновите што следеа, Тесла објави дека ќе отпушти повеќе од 10% од својата глобална работна сила.

 Aналитичарите беа претпазливи во врска со Tesla и акциите потонаа. Само во последните недели акциите закрепнаа, иако акциите закрепнаа од остриот пад, сепак изгубија сила во однос на брзината со која им растеше цената.

Зошто акциите на Tesla нагло се искачија?

Акциите на Tesla пораснаа за скоро 27% овој месец, заклучно со  денот на пишување. Бројките за испорака на ЕВ што ги објави претходно во јули ги достигнаа бараните параметри.  Бројките за испорака во Q2, ги надминаа проценките на аналитичарите и беше само за 4,8% помал од годишно ниво, што означува подобрување во текот на првиот квартал. Што е уште поважно, испораките на Tesla го надминаа производството во Q2 за скоро 9%, што значи дека компанијата работи со совоите капацитети и може да забележи пораст на побарувачката по намалувањата на цените.

Голем дел од ентузијазмот за акциите на Tesla беше поттикнат од очекувањето за претстојното лансирање на робот-такси, кое беше закажано за 8 август. Маск само што потврди на платформата за социјални медиуми X дека Tesla работи на некои промени во дизајнот кои го одложија лансирањето на робот-такси. Настанот би можел да биде одложен за октомври, според Блумберг. Инвеститорите треба да имаат појасна слика за кога Tesla планира  да го лансира новиот производ. Се очекува тоа да биде по објавувањето на вториот квартален извештај на 23 јули.

 Дали треба да купите акции на Tesla пред да излезе извештајот за вториот квартал? Би рекле не. Испораките, продажбата, маржите и паричните текови на Tesla се под притисок. Сè додека овие показатели не почнат да се опоравуваат, акциите би можеле да останат нестабилни. Како што е, тргува со сооднос цена-заработка од 64, што не е евтино за компанија која не расте толку брзо како порано.