Што претставува принос во инвестирањето?

од | 9 ноември, 2024

Инвестирањето е еден од најдобрите начини каде што вашите пари ќе работат за вас и со текот на времето ќе почете да создавате многу повеќе од тоа со што сте започнале. Во инвестирањето, приносот е разликата помеѓу вредноста на вашата главна инвестиција и вредноста што е генерирана, откако сте ја продале таа инвестиција. За повеќето луѓе, најдобриот начин да ги максимизираат приносите од инвестирањето е да бараат можности во области што добро ги разбираат. Овој пристап ве става во подобра позиција да одредите, дали дадената инвестиција е во согласност со вашата лична толеранција на ризик и дали ќе биде способна да го обезбеди посакуваното ниво на принос.

Како се мери приносот во инвестирањето?

Приносот во инвестирањето е разликата помеѓу почетната цена на капиталот и вредноста што е генерирана по завршувањето на сопственоста. На пример, ако сте купиле акција за 100 долари по акција, а потоа ја продале за 110 долари една година подоцна, би добиле поврат од 10 долари — или 10% од почетната куповна цена.

Постигнувањето позитивни приноси е основна цел за повеќето инвеститори. Ако цената е поголема во моментот на продажбата отколку кога сте ја купиле, тогаш ќе имате позитивни приноси – под претпоставка дека немало други трошоци поврзани со поседување на инвестицијата за време на траењето што сте ја задржале. Ако продавате по цена што е пониска од онаа по која сте купиле, ќе генерирате негативен поврат на инвестицијата во текот на периодот на задржување.

Треба да земеме предвид дека тоа што сме генерирале позитевен принос, не мора секогаш да значи дека сме направиле успешна инвестиција. Со цел да се утврди дали инвестицијата била успешна, важно е да се земе предвид опортунитетниот трошок – што сте пропуштиле со тоа што не одлучивте да одите со друга опција за инвестирање.

На пример, ако сте генерирале вкупен принос од 10% на акции во период од пет години, можеби ќе се чувствувате убаво со тоа што не сте изгубиле пари од вашата главна инвестиција, туку напротив сте добиле. Но, ако можете да добиете 50% поврат во истата временсика рамка, преку инвестирање во фонд за следење индекси со понизок профил на ризик, ќе имате значителен опортунитетен трошок бидејќи не сте инвестиралево тој фонд.

Пресметување на приносите од различни видови на инвестиции

За акциите, приносите вообичаено се добиваат според разликата помеѓу цената во моментот кога сте ги купиле и продале акциите, плус парите што сте ги добиле од исплата на дивиденда, или дополнителни акции кои сте ги купиле преку реинвестирање на дивидендата. Во случај на фондови со кои се тргува преку размена(ETF), заеднички фондови, или меѓународни акции, можеби ќе треба да платите такса за управување, или сопственост што ќе го намали вкупниот поврат на вашата инвестиција.

Ако инвестирате во недвижен имот, важат истите основни принципи. Покрај повратот генериран од промената на вредноста помеѓу времето на купувањето и продажбата, можно е да генерирате дополнителни приноси со изнајмување на имотот додека го поседувате. Но, за да го одредите вашиот принос во моментот на продажбата, исто така ќе треба да ги земете предвид сите трошоци за одржување поврзани со одржување на куќата, даноците на имот што биле платени и плаќањата за заем, или хипотека доколку не сте го купиле имотот во готово.

За инвестиции со фиксен приход, како што се обврзници, се плаќа главнина за да се поседува сертификат кој ќе генерира однапред одреден принос во одреден временски период. На пример, ако сте платиле 100 долари за едногодишна обврзница со принос од 3%, ќе генерирате поврат од 3% на вредноста на обврзницата таа година и ќе имате 103 долари кога обврзницата ќе доспее.

Пример за приносот од инвестиции

Ако сте купиле акции на Microsoft (MSFT -0,68%) на првиот трговски ден во јануари во 2020 година, а потоа сте ги продале вашите акции на првиот ден на тргување во 2023 година, цената на акцијата се зголемила за 49% од времето на вашето првично купување. Ова значи дека ќе генерирате принос од 49% со акциите во моментот на продажбата благодарение на зголемената цена на акцијата.

Мајкрософт, исто така, плаќа дивиденда, а исплатите на дивиденди од компанијата ќе играат улога во обликувањето на вашиот вкупен принос. Под претпоставка дека сте ги реинвестирале вашите дивиденди во акциите на компанијата, вашата инвестиција во Microsoft би генерирала вкупен принос од повеќе од 53% во текот на тригодишниот период на задржување.