-
S&P 500 дивиденден аристократи индекс
S&P 500 дивиденден аристократи индекс е листа на компании, главно добро познати, син чип (блу чип) компании, во S&P 500 кои имаат најдобро забележано зголемување на дивидендите најмалку 25 последователни години.
-
S&P 500 индекс
S&P 500 индексот или Standard & Poor’s 500 индекс е пондериран според пазарната капитализација на 500 водечки јавно тргувани компании во САД. Индексот всушност има д503 компоненти бидејќи три од нив имаат наведни две класи на акции.
-
ААА кредит рејтинг
ААА е највисокиот можен бонитет кој може да биде доделен на обврзниците на издавачот од страна на која било агенција за оценување на кредити. Обврзници оценети со ААА имаат висок степен на кредитна способност бидејќи нивните издавачи лесно можат да ги исполнат финансиските обврски и имаат најмал ризик од неисполнување на обврските.
-
Аверзија кон ризик
Аверзија кон ризик е тенденција да се избегнува ризик. Изразот аверзија кон ризик го опишува инвеститорот кој избира зачувување на капиталот наместо потенцијално повисок принос од просечниот.
-
Аквизиција
Аквизиција е кога една компанија ги купува повеќето акции на друга компанија за да добие контрола врз таа компанија. Набавка на повеќе од 50% од акциите на целната компанија и други средства му дозволува на стекнувачот да донесува одлуки за новостекнатите средства (assets) без одобрение од другите акционери на компанијата.
-
Акции
Акции се единици на сопствеништво во една компанија.
Клучни точки:
- Акциите претставуваат единици на сопственост во корпорација или финансиски имот во сопственост на акционерите кои разменуваат капитал во замена за овие единици.
- Обични акции овозможуваат право на глас и можен принос преку зголемување на цената и дивиденди.
- Приоритетни акции не нудат зголемување на цената но можат да се откупат по атрактивна цена и нудат редовни дивиденди.
-
Акционер
- Акционер е личност, компанија или институција која поседува акции дел од акциите на компанијата.
- Акционер во фирмата може да поседува и само една акција.
- Акционерите се предмет на капитални добивки (и загуби) и/или исплати на дивиденди како преостанати баратели на добивката на компанијата.
- Акционерите исто така уживаат одредени права во компанијата како гласање на состаноците на акционерите за одобрување на членовите на одборот на директори, распределба на дивиденди или спојувања.
- Во случај на банкрот, акционерите можат да ја загубат целата инвестиција.
-
Берза
Изразот берза се однесува на неколку берзи во кои се купуваат и продаваат акции на јавно поседувани компании. Таквите финансиски активности се спроведуваат преку формална берза и преку легитимни (ОТС) пазари кои работат според дефиниран збир на прописи.
-
Важни датуми за дивиденда
Исплатите на дивиденда следат хронолошки редослед на настани и поврзаните датуми се важни за одредување на кои акционери се квалификувани да добијат исплата на дивиденда.
- Датум на објава: Дивидендите се најавени од страна на раководството на компанијата на датата на објава (или датум на декларација)
- Датум на екс-дивиденда: Датумот на кој истекува подобноста на дивидендата се вика екс-дивиденда или едноставно екс-дата. На пример, ако една акција има екс-дата во понеделник 5-ти мај, тогаш акционерите кои ќе купат акции на тој или после тој ден НЕМА да се квалификуваат за добивање на дивиденда. Акционерите кои поседуваат акции еден ден пред екс-датата, во петок 2-ри мај или претходно се квалификуваат за распределбата.
- Датум на евиденција: Датум на евиденција е крајниот датум, утврден од компанијата за да одреди кои акционери се квалификувани да добијат дивиденда или распределба.
- Датум на исплата: Компанијата ја издава исплатата на дивидендата на датумот за исплата, тогаш парите се исплаќаат на сметките на инвеститорите.
-
Двојно оданочување
Двојно оданочување е даночен принцип кој се однесува на данок на приход кој се плаќа двапати на истиот извор на приход. Тоа може да се случи кога приходот се оданочува на корпоративно и лично ниво.
-
Дивиденда
- Дивиденда е распределба на добивката на компанијата на квалификуваните акционери.
- Исплатата и износот на дивидендата ги определува одборот на директори на компанијата.
- Приносот на дивидендата е дивиденда по акција и се изразува како процент од вредноста на акцијата на компанијата.
-
Заеднички фонд
Заеднички фонд е финансиско средство кое ги здружува средствата (assets) од инвеститорите за да инвестира во хартии од вредност како акции, обврзници, инструменти на пазарот на пари и останати средства (assets). Со заедничките фондови управуваат професионални менаџери на пари, кои ги распределуваат средствата на фондот и се обидуваат да создадат капитална добивка и или приход за инвеститорите на фондот. Портфолиото на заедничкиот фонд е структурирано и одржувано за да одговара на инвестициските цели наведено во неговиот проспект.
-
Инвестирање
Инвестирање вклучува распоредување на капитал (пари) кон проекти или активности кои се очекува да генерираат позитивен принос со текот на времето.
-
Инвестиција
Инвестиција вклучува ставање на капиталот во употреба денес со цел да се зголеми нејзината вредност со текот на времето. Инвестиција може да се однесува на кој било механизам што се користи за генерирање на иден приход, вклучувајќи обврзници, акции, недвижен имот или алтернативни инвестиции.
-
Инвестициски клуб
- Инвестициски клуб се однесува на група на индивидуалци од кои секој придонесува во збирот на пари кој потоа се инвестира за заедничка корист на членовите на групата.
- Може да мислите на инвестицискиот клуб како заеднички фонд од мал обем каде што одлуките ги донесува комисија од непрофесионални членови на клубот.
-
Инвестициски советник
Инвестициски советник е финансиски професионалец кој дава препораки за инвестиции или спроведува анализи за безбедност во размена за надомест.
-
Инвестициски центар
Инвестициски центар е деловна единица во фирма која може да користи капитал за директно да придонесе за профитабилноста на компанијата. Може да споредите и спротивставите некои паралели како изразите „профит центар“ или „центар на трошоци“.
-
Книговодствена вредност
За инвеститори на вредност, книговодствената вредност е збир на износите на сите ставки во делот на акционерскиот капитал на билансот на состојба на компанијата. Исто така, можете да ја пресметате книговодствената вредност со одземање на вкупните обврски на компанијата од вкупните средства (assets) на компанијата. Вредност на друштвото утврдена преку односот на бројот на издадени акции и нето средствата, позната и како нето вредност на основните средства.
-
Креатор на пазар (маркетмејкер)
- Маркетмејкер е индивидуален учесник или фирма-членка на берзата која купува и продава хартии од вредност за своја сметка.
- Маркетмејкерите му овозможуваат на пазарот ликвидност и длабочина додека профитираат од разликата меѓу понудата-побарувачката.
- Брокерските куќи се најчестиот тип на маркетмејкери, овозможувајќи им на инвеститорите решенија за набавка и продажба.
-
Лидер на пазарот
Лидер на пазарот е компанија која има најголем пазарен удел во индустријата и може често да ја користи својата доминација за да влијае на конкурентскиот пејзаж и насоката на пазарот.
-
Маржа (margin)
Во финансии, маржата е колатерал кој инвеститорот мора да го депонира кај својот брокер или берза за да го покрие кредитниот ризик кој инвеститорот го претставува за брокерот или берзата.
-
Откуп на акции
Откуп на акции е одлука на компанијата да ги откупи сопствените акции на пазарот.
Една компанија може да си ги откупи акциите за да ја зголеми вредноста на акциите и да си го подобри финансискиот извештај.
Компаниите имаат тенденција да откупуваат акции кога имаат пари при рака и берзата е во нагорна линија.
Постои ризик дека цената на акциите може да падне по откупот на акции.
-
Пазар
Пазар е место каде што странките може да се соберат за да се овозможи размена на стоки и услуги. Вклучените странки вообичаено се купувачи и продавачи. Пазарот може да биде физички како малопродажен салон, каде што луѓето се среќаваат лице в лице, или виртуелнен каде што нема физички контакт помеѓу купувачите и продавачите,
-
Пазарна вредност
Пазарна вредност исто така често се користи кога се однесува на пазарна капитализација на јавно тргувани компании и се пресметува со множење на бројот на нејзините акции во продажба со моменталната цена на акциите.
-
Пазарно портфолио
Пазарно портфолио е теоретски пакет на инвестиции кој ги вклучува сите типови на средства (assets) достапни во инвестицискиот универзум.
-
Принос од дивиденда
Приносот од дивиденда, изразен како процент, е финансиски сооднос (дивиденда/цена) кој покажува колку компанијата исплаќа во дивиденди секоја година во однос на цената на нејзинате акции.
Соодносот на исплата на дивиденда е сооднос на вкупниот износ на дивидендата исплатена на акционерите и нето приходот на компанијата. Тоа е процент од заработката кој се исплаќа на акционерите преку дивиденда.
-
Приход од инвестиција
- Приход од инвестиција е профитот заработен од инвестиции како недвижнини и продажба на акции.
- Дивиденда од обврзници е исто така приход од инвестиција.
- Приходот од инвестиција се оданочува со различна стапка од остварениот приход.
-
Р/Е сооднос (сооднос цена и заработка)
- Р/Е сооднос се пресметува со делење на цената на пазарната вредност на акцијата со заработката на компанијата по акција.
- Високиот Р/Е сооднос може да значи дека цената на акцијата е висока во однос на заработката и евентуално преценета.
- Низок Р/Е сооднос може да укаже дека моменталната сена на акциите е ниска во однос на заработката.
- Инвеститорот може да бара акции во индустријата која се очекува да има корист од економскиот циклус и бара компании со најнизок П/Е сооднос за да одреди кои акции се најпотценети.
-
Салдо на сметка
Салдо на сметка е износот на пари во финансиско складиште, како штедна или тековна сметка. Салдото на сметка е фактор за сите задолжувања и кредити. Салдо на сметка исто така е евидентно на изводите за наплата на кредитни картички, комунални услуги и заеми.
-
Син чип (блу чип) акција
Син чип (блу чип) акција е акција издадена од страна на голема, добро етаблирана, финансиски здрава компанија со одлична репутација. Вообичаено, таквите компании работат многу години, имаат сигурна заработка и вообичаено исплаќаат дивиденда на инвеститорите.
-
Сметка на маржа
Терминот сметка на маржа се однесува на брокерска сметка на која брокерот-дилер на тргувачот му позајмува пари за да се купат акции или други финансиски производи. Сметката на маржа и хартиите од вредност кои се чуваат на неа се користат како колатерал за заемот.
-
Средства (assets)
Средства (assets) се ресурс со економска вредност која индивидуа, корпорација или држава ја поседува или контролира со очекување дека во иднина ќе обезбеди придобивка.
Средствата (assets) се пријавуваат на билансот на состојба на компанијата. Се класифицираат како тековни, фиксни, финансиски и нематеријални. Се купува или се создава за да се зголеми вредноста на компанијата или за корист на работењето на компанијата. Средства (assets )може да се сметааат како нешто кое, во иднина, може да генерира прилив на средства, намали трошоци или да ја подобри продажбата, без разлика дали се работи за опрема за производство или за патент.
-
Стратегија за излез
Стратегија за излез е свесен план за отстранување на инвестиција во деловен потфат или финансиско средство (asset).
Стратегија за излез помага да се минимизираат загубите и да се максимизира профитот од инвестициите.
-
Удел на пазарот
Удел на пазарот е процент од вкупните продажби во индустријата направени од страна на одредена компанија. Удел на пазарот се пресметува со тоа што се зема продажбата на компанијата во одреден период и се дели со вкупната продажба во индустријата за истиот временски период.
-
Фонд
- Фонд е збир на пари ставени настрана за одредена цел.
- Збир (базен) на пари во фонд често се инвестира и професионално се управува со цел да генерира приходи за своите инвеститори.
- Некои вообичаени видови фондови вклучуваат пензиски фондови, осигурителни фондови, фондации и донации.
-
Фонд со кој се тргува на берзата (ЕТФ)
Фонд со кој се тргува на берзата следи збир на акции.
Овие ЕТФ им овозможуваат на инвеститорите непосредна диверзификација со ниска цена, лесно разменливо средство.
Истражувањата покажуваат дека средствата за пасивна инвестиција како ЕТФ имаат тенденција да имаат поголем приход од активно управувани средства како заеднички фондови на долгорочен план.