Инвестирајте во недвижности на рати – нова можност за македонските инвеститори

од | 7 мај, 2025

Инвестирањето во недвижности отсекогаш било атрактивна опција за оние кои сакаат да го заштитат и зголемат својот капитал. Но, многумина се откажувале поради потребата од голема еднократна инвестиција. Со појавата на Smart Invest Group, тоа повеќе не е пречка – сега можете да инвестирате на рати, целосно по ваша мерка.

Како функционира?

Доколку некој проект на платформата на Smart Invest има рок од уште 12 месеци до негово завршување, вие можете наместо класичниот начин на еднократно инвестирање, да инвестирате во тој конкретен проект на 12 месечни рати. Преку едноставен онлајн интерфејс, го одбирате износот кој сакате да го инвестирате месечно, а специјално развиен алгоритам веднаш ви пресметува  колкава капитална добивка ќе остварите на крајот од проектот.

Ова значи дека не мора да имате голема сума веднаш. Наместо тоа, можете постепено да ја изградите вашата инвестиција – на начин сличен на штедење, но со многу поголем потенцијал за принос.

Кога ги добивате средствата?

Во моделот на инвестирање на рати, и добивката и главницата се исплаќаат на крајот од проектот. Ова е различно од моделот на еднократно инвестирање, каде што можете да добивате месечна добивка. Тоа го прави овој пристап идеален за оние кои сакаат да добијат зголемен капитал по завршувањето на проектот, наместо месечен приход.

Кои се придобивките?

Ниска бариера за влез – инвестирате со помали износи

 Потполна флексибилност – бројот на рати го бирате сами

 Јасна пресметка на добивка – автоматизиран систем

 Безбедност и транспарентност – со правно регулиран договор

Smart Invest Group го прави инвестирањето во недвижности достапно за пошироката јавност – без разлика дали сте искусен инвеститор, или нов ентузијаст што сака паметно да го искористи својот месечен приход.