Интересот за тргување со оваа акција не намалува
Иако веќе неколку пати ја спомнавме оваа компанија, сепак уште многу се тргува со акциите на Македонија турист на македонската берза. На денешното тргување во четири трансакции се истргуваа акции во вредност од 144.692.500,00 денари, по просечна цена од 8.900,00 денари по акција. Бројот на истргувани акции изнесува 15.289, што претставува 3,38% од вкупниот број на акции.
Што значи ова тргување за инвеститорите?
Зголемениот волумен на тргување со акциите од оваа компанија во последните неколку недели, може да биде резултат на окрупнување на капиталот, на веќе постоечките големи инвеститори во Македонија турист, или пак може да биде обид за превземање на компанијата. Од една страна стои соопштението издадено на 03.10.2024 на компанијата до македонската берза, дека претседателот на надзорниот одбор на Македонија турист, Доне Таневски се стекнал со дополнителни 5.381 обични акции и сега поседува 105.829 обични акции, односно 23,40 %.
Од друга страна пак е соопштението од страна на Македонија турист со дата 07.10.2024 дека друштвото не поседува ценовно чувствителни информации кои досега не се објавени.
Сепак останува не јасно од каде потекнува интересот за тргување со оваа компанија, посебно во делот на блок трансакциите.

Што да се очекува во наредниот период ?
Откако ќе се смират страстите околу оваа акција, останува да видиме дали цената на акцијта ќе се придвижи нагоре, или надолу, земајќи предвид дека последната просечна цена акција изнесува 8.900,00 денари, а тоа е близу највисоката цена што се платила за оваа акција во последните 52 недели, односно 9.100,00 денари, што е пак скоро двојно повисоко од најниската цена за оваа акција во последните 52 недели кога изнесувала 4.400,00 денари.