Сигурно инвестирање во недвижнини: Како Smart Invest Group го гарантира Вашиот Капитал

од | 10 декември, 2024

Сите инвеститори прават дизерфикација на своето портофлио поради една главна причина, а тоа е дисперзија на ризикот. Независно дали инвестирате во акции, хартии од вредност во Македонија или во странство, дали преку брокери или инвестициски фондови, или пак инвестирате во крипто валути, никој не може да ви гарантира фиксна и сигурно добивка бидејќи истата зависи од успешноста на компанијата во која вие лично купувате акции или, каде инвестицискиот фонд ги инвестира вашите средства.

Независно дали инвеститорите ќе се одлучат за инвестирање во некој од традиционалните или модерните форми за инвестирање на средства, сите инвеститори сакаат да добијат гаранција за сигурност на инвестираните средства а секако и за исплата на предвидената капитална добивка.

Изминативе неколку месеци во Македонија е актуелна Crowdfunding платформата за инвестирање во недвижнини, менаџирана од Smart Invest Group. Преку оваа платформа, средствата се инвестираат во конкретни проекти т.е. станбени згради и се користат за изградба на истите, за што инвеститорите добиваат капитална добивка во висина од 9 и 10% на годишно ниво.

Дали капиталната добивка е загарантирана и како се исплаќа?

Капиталната добивка е фиксна и изрично наведена во секој Договор за инвестирање на средства и истата е 9% на годишно ниво за проектите кои доспеваат за 24 месеци или 10% на годишно ниво за проектите кои е предвидено да траат подолго од 24 месеци.

Инвеститорот може да избере капиталната добивка да му се исплаќа на месечно ниво, од денот на уплата до завршување на проектот, или пак на крајот на завршување на проектот заедно со инвестираната главнина.

Kaко се обезбедува сигурност на инвестираните средства во Smart Invest Group?

Не случајно станбените згради се проектите во кои се инвестира. Сигурноста и стабилноста на недвижнините во Македонија, растот на продажната цена, побарувачката и загарантираниот пласман овозможуваат сигурност и стабилност на градежните проекти, а со тоа и сигурност на луѓето кои инвестираат во нив.

Покрај недвижнината во која се инвестира, во Договорите за инвестирање на средствата изрично како Гарант стои и Smart Invest Group кое како правно лице гарантира за реализација на проектите со целиот движен и недвижен имот.

Дополнително, што е голема реткост на македонскиот пазар е тоа што уште едно правно лице се јавува како втор гарант, а тоа е фирмата Изведувач на тековните проекти со целиот нејзин движен и недвижен имот.

Во кратки црти, тоа значи дека гаранцијата е на 3 нивоа.

Зошто според Вас е паметно да се инвестира во недвижнини?

Видливост на проектите – Инвестирате во конкретни и реални проекти во РМ, со што имате можност за активно следење на прогресот;

Кус период помеѓу инвестиција и заработка – Најдолгиот проект е со времетраење од 3 години, додека во меѓувреме капиталната добивка може да ја добивате на месечно ниво секој месец до реализација на проектот; Безбедност на парите – Договор за гаранција на средствата при секоја инвестиција.