22-та годишна конференција на Македонска Берза

од | 27 септември, 2023

На 27-ми септември во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржа 22-та Годишна конференција на Берзата. Оваа година на овој настан присуствуваа преку 200 претставници од финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите и сите останатите субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.  

Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и во однос на компетентноста на учесниците во бројните панели и одржани презентации и говори. Годинава на програмата беа два главни панела и неколку интересни презентации на теми поврзани со пазарите на капитал. 

Конференцијата со воведни обраќања ја отворија Министерот за финансии, г-дин Фатмир Бесими, Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, г-ѓа Нора Алити и Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје г-дин Иван Штериев.

Говорот на директорот Штериев можете да го преземете на следниов линк 

Работниот дел на конференцијата беше отворен со специјална презентација фокусирана на актуелни геополитички случувања од страна на Marko Papic, Партнер и главен стратег Clocktower Group на тема Иднината на Северна Македонија во мултиполарниот свет. Учеството на г-дин Papic на годинешната конференција, беше поддржано од страна на Амбасадата на САД во Северна Македонија.

На првата панел дискусија „ Што ни донесе 2023 година? “ своето искуство на оваа тема го споделија Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Гоце Христов, Директор на финансии во Гранит АД Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска, Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Загреб и Васко Митев, Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје. Модератор на овој панел беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза. Панелистите дискутираа и ги споделија своите размислувања за досегашните економски и финансиски текови во 2023 година и идните перспективи.

Вториот панел беше на тема „ Дигитализација, вештачката интелигенција и финансиски услуги “, на којшто своите разислувања со присутните ги споделија Даниел Даниловски, Менаџер за професионални услуги, Nextsence, Скопје, Matko Maravic, CEO, InterCapital Securities Ltd, Хрватска, Jovanka Lukic, Team Lead, Central Risk Management – Model Validation – Innovations and Projects, ABN AMRO Bank и Киро Чадиковски, Директор на Дирекција за банкарски картички и платежни сметки, Комерцијална банка Скопје. На оваа тема видео обраќање имаше Jacek Kubas, Head Of Digital – EBRD. Модератор на овој панел беше Александар Иљов, Директор на маркетинг и продажба, Халк Банка Скопје.

Во продолжение презентациите од 22-та Годишна конференција на Берзата:

Спонзори на конференцијата беа НЛБ, Халк, Комерцијална и Стопанска банка Скопје, КИБС и Триглав Осигурување Живот. Медиумски покровители годинава беа Капитал, Пари и Bloomberg Adria, додека останати поддржувачи – Медија Консалтинг и Винарија Лазар.

Линк до галеријата: https://www.zebra4u.com/Events/Makedonska-Berza/