Продолжува треската на македонската берза

од | 1 октомври, 2024

Со кои акции  се тргуваше најмногу ?

На денешното (01.10.2024)  тргување на слободниот пазар на македонската берза најмногу се тргуваше со акциите на Комерцијална банка (KMB), Македонија Турист (MTUR), Алкалоид (ALK) и Макпетрол (MPT).

На прво место, како и во изминатиов период вообичаено најмногу се тргува со Комерцијална банка (KMB). Па така со акциите на таа компанија се истргуваа вкупно 921 акција во 61 трансакција, при што се оствари промет од 22.177.430 денари.

На второ место се најде повторно акцијата на Македонија турист (MTUR), со истргувани 9.274 акции со остварен промет од вкупно 74.670.300 денари во вкупно 10 трансакции. Од вкупниот промет 8.102.300 се истргувани на слободниот пазар, додека пак 66.568.000 денари се истргувани во блок трансакции.

Што значи денешното тргување со акциите на Македонија турист ?

Доколку денешното тргување со акциите на Македонија турист го изразиме во проценти тоа би изгледало вака:

  • Од вкупниот број на издадени акции 452.247 истргувани 9.274 акции, односно 2,05 %

Ако на овој број го додаме и вчерашното тргување каде што се истргуваа вкупно 48.290.655 денари, или приближно 1,3%  ќе добиеме дека вкупно се истргувани 3,8% од бројот на акции на друштвото.

Се поставува прашањето дали некој од досегашните акционери го окрупнува својот капитал во оваа компанија, или пак работењето на Македонија турист ќе значи и поголема добивка на инвеститорите?