Кои се акциите што предизвикааа најголем интерес на македонската берза?
На денешното 30.09.2024 тргување на македонската берза имаше неколку интересни моменти. Најмногу се тргуваше со акциите на Комерцијална Банка (KMB) со вкупен промет од 18.760.352,00 денари, или вкупно беа истргувани 779 акции по просечна цена од 24.082 денари на слободниот пазар.
Следна акција со која најмногу се тргуваше на слободниот пазар е Македонија турист (MTUR) со 6.136.955 и во блок трансакции се истргуваа 42.153.700,00 денари. Тргувањето со оваа акција беше извршено во само 8 трансакции, а се истргуваа вкупно 6103 акции, или приближно 1,3% од вкупниот број на акции.
Профил на Македонија Турист
Македонија турист е друштво која работи во дејноста со хотели и ресторани како и во туристичката дејност. Компанијата работи со пет хотели: Холидеј Ин – 5* Супериор, Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош, Хотел Белви и Хотел Водно.
Дали вреди да се инвестира во оваа компанија ?
Според податоците од македонската берза во последните 52 недели минамалната цена по која се тргувало со оваа акција изнесува 4.400,00 денари додека максималната 8.500,00 денари, остварена на денешното 30.09.2024 тргување. Во последните 52 недели со оваа акција биле истргувани вкупно 12.149, во 228 трансакции. Во поглед на коефициент цена/книговодствена вредност по акција за 2023 година изнесува 0,75% , или 6.361 денар по акција. Кога станувва збор за дивиденди Македонија Турист поделила дивиденди во последните три години :
За 2021 поделила дивиденда од 120,00 ден. по акција, за 2022 поделила 129,89 ден по акција, за 2023 поделила 200,00 ден по акција.
Доколку компанијата успее да го одржи растот и да продолжи да дели и да ја зголемува дивидендата, оваа акција би можела да се најде на листата на многу инвеститори.