Што има во портфолиото на Ворен Бафет?

од | 1 декември, 2024

Беркшир Хатавеј на Ворен Бафет е познат по својата долгорочна стратегија и високата стапка на принос. Дознајте ги најдобрите акции што ги поседува Бафет и неодамнешните промени во портфолиото.

Ворен Бафет и неговата холдинг компанија Беркшир Хатавеј се гиганти. Беркшир Хатавеј стана водечки конгломерат поради деловното знаење и инвестирање на „Ораклот на Омаха“. Портфолиото на Бафет би можело да продолжи да се подобрува, поради потенцијалот на неколкуте врвни акции кои ги поседува.

Акциите на Ворен Бафет кои ги купи неодамна

Бафет во своето писмо од 2023 година до акционерите на Беркшир напиша дека тој и долгогодишниот деловен партнер Чарли Мангер, кој почина во ноември 2023 година, не се собирачи на акции(stock pickers), туку собирачи на „бизниси“ (business pickers). Бафет, до неодамна не можеше да најде бизниси што ги сака за да купи акции од нив. Во вториот квартал на 2024 година, Беркшир иницираше нови позиции во две акции.

Акции кои неодамна ги продаде Ворен Бафет

Во вториот квартал од 2024 година, Бафет  продаде некои акции, а во некои ги скрати позициите на Беркшир Хатавеј:

Беркшир, исто така продаде акции на Bank of America (BAC -0,54%) во август 2024 по крајот на вториот квартал. Со  ова тој го продолжи намалувањето на уделот на конгломератот во една од  најголемите банки за 2024 година.

Најдобрите акции што Ворен Бафет ги поседува по големина

Беркшир Хатавеј поседува позиции во повеќе од 40 акции. Еве ги првите 10 акции на холдинг-компанијата рангирани по вредност:

Постои голем јаз помеѓу вредностите на акциите бр. 1 и бр. 2 во портфолиото на Беркшир Хатавеј. И покрај продажбата на некои акции на Apple во првиот квартал од 2024 година, технолошкиот гигант сè уште го држи првото место во портфолиото на Беркшир.

„Епл“ е толку голем холдинг што Бафет го нарече „третиот по големина бизнис“ на Беркшир Хатавеј после осигурителениот и железничкиот бизнис. Бафет исто така рече дека Apple е „ најдобриот бизнис што го познавам во светот“.

Дали треба да ги следите потезите на Бафет?

Иако секако може да биде интересно да се следи што купуваат и продаваат Бафет и другите милијардери, никогаш не е паметна идеја да купуваме акции, само затоа што некој друг го прави тоа – дури и ако тој некој е Ораклот од Омаха. Тоа настрана, следењето на портфолиото на Беркшир Хатавеј, може да ви даде многу идеи за акции кои треба да ги истражите, за да одредите што е погодно за вашето портфолио врз основа на вашата сопствена толеранција на ризик и инвестициски цели.