Едукативен настан на Македонска берза и Капитал Финансиски Центар: Заштеди и инвестирај за подобра иднина

од | 26 октомври, 2023

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето 31 октомври, Македонска берза и Капитал Финансиски Центар организираат бесплатен едукативен настан насловен „Заштеди и инвестирај за подобра иднина“.

Овој поучно случување е закажано за четврток (26 октомври), а ќе се одржи во просториите на Македонска берза АД Скопје од 17:00 до 20:30 часот.

Посетителите ќе имаат можност да научат како подобро да управуваат со личниот и со семејниот буџет, да ги постават финансиските цели, да направат разлика меѓу парични и реални вредности. Воедно, ќе ги осознаат клучните разлики помеѓу штедач и инвеститор, а ќе слушнат и кои се корисните финансиски инструменти за заштита на парите од инфлација.

Исто така, сите што ќе се заинтересираат за присуство на овој бесплатен настан, ќе дознаат како функционира Македонската берза, кои финансиски инструменти ги нуди и како се купуваат акции.

Купувањето акции може да се прави самостојно и со користење на професионални портфолио менаџери. Постојат повеќе начини како професионалните портфолио менаџери управуваат – главно преку отворените инвестициски фондови и преку услугата управување со индивидуално портфолио на акции за што подетално ќе се зборува на едукативниот настан.

Заинтересираните можат да се регистрираат ТУКА.

Предавањата ќе ги одржат Билјана Станковска Арсова, управување со лични финансии, Капитал Финансиски Центар; Каролина Каровска Божиноска, раководител на Оддел за промоција, едукација и развој, Македонска берза АД Скопје; Христијан Пејовски, овластен инвестициски агент, Капитал Ассет Менаџмент и Коста Костадиновски, портфолио менаџмент, Капитал Ассет Менаџмент.