Инвестирање во акции: Вашиот пат кон финансиска слобода и раст!

од | 22 септември, 2024

Кога заработувате доволно за живот и ви остануваат пари на сметка, не е доволно, или пак поточно кажано не e паметно парите да ви останат на трансакцискта сметка. Вишокот од вашите примања треба да се инвестира, за да не ја изгуби својата вредност, а со тек на време и да го зголеми вашиот капитал. Покрај различните типови на инвестиции како што се: злато, недвижнини, добра, обврзници, постојат и акции. За почеток да ги разгледаме причините зошто инвестирањето во акции е работа која секој треба да ја знае:

Акциите имаат тенденција во текот на времето да им се зголеми нивната цена, а со тоа и вашиот капитал. Ова важи само за долги временски периоди и не треба да се гледаат секојдневните промени на нивната цена. Со правилна стратегија за распределба на акциите на долг план може да очекувате значително зголемување на вашиот капитал.

Каде да ги инвестирам моите средства и да постигнам финансиска слобода ?

Кога ќе се одлучите да инвестирате во акции најдбро е да се инвестира во големи и успешни компании кои што се докажани на пазорот, без разлика дали станува збор за компании кои котираат на македонска или на странска берза. Покрај  фактот дека со тек на време цената на акциите ќе се зголеми, како примерот со Тутунска банка која 2006 година ја започнува со 3500 ден, а ја завршува 2006 година со цена од 9500 денари, за 2023 година цената на тутнска банка NLB  да се движи од 23.700 до максимална 32.550 денари. Преку овој пример може да видиме дека со текот на времето цените на големите и докажани компании се зголемува, а со тоа и вашиот капитал. Уште поважно од зголемувањето на цената на акциите се исплатите на дивидендите, па така Тутунска банка во последните три години за 2020 има исплатено 1.787,00 денари по акција за 2021 има исплатено 738,00 денари по акција, додека пак за 2022 има исплатено 2.431,00 денар по акција. Доколку се решите да ги чувате вашите акции, приносот од дивиденда може значително да го зголеми вашиот капитал.

Колку е ризично инвестирањето во акции ?

Секое инвестрирање си носи и свој ризик, па така е и со инвестирањето во акции. За да го намалите ризикот од губење на вашиот капитал, потребно е да направите добра распределба на портфолиото кое што го имате, односно да не ги вложувате парите само во една, или во две компании, или пак во само во една област на пример банкарство. Тука треба да споменеме дека и премногу голема расределба во 20 или 30 компании,  не е премногу добра затоа што ја намалува можноста за раст на вашиот капитал.

Друг аспект кој е важен и мора да го споменеме е дека инвестирањето во акции преку реинвестирањето на приносите од дивидендите во истите, пак други акции може да придонесе за зголемување на вашиот капитал. Пример доколку вашиот вкупен принос од дивиденда изнесува 10.000 ден и купите 10 нови акции со тие пари, вие ќе добиете 10 акции кои што на долг рок може да им се зголеми цената, плус дополнителна дивиденда од тие 10 акции. Доколку доволно долго ја реинвестирате добивката од акциите, ова може да се претвори во значителен приход и начин како да постигнете финансиска слобода.

Влијанието на инфлацијата врз вашите средства

Живееме во период на високи стапки на инфлација и парите што сме ги имале вчера, денес вредат помалку. Никој од нас не сака да изгуби вредност на својот тешко стекнат капитал на овој начин. За да го спречиме, или бар да ги намалиме губитокот на капиталот, треба да вложуваме во акции, бидејќи како што споменавме цената на акцијата има тенденција да расте во текот на времето.

Покрај се што наведовме до сега, не треба да заборавиме и да кажеме дека акциите се флексибилни односно можете лесно да ги купувате и да ги продавате, според условите кои што вас ви одговараат,  да ги продадете кога нивната цена е висока и да ги купите кога нивната цена е ниска.

Не заборавајте, инвестирањето во акции  носи ризици. Важно е да се образувате, да го анализирате пазарот и да ја процените вашата толеранција на ризик. За помош и совети, секогаш консултирајте се со финансиски советник. Инвестирањето во акции може да биде одличен начин да го проширите своето финансиско знаење и можност да го зголемите својот капитал.