Доколку сте вработени и можете да подигнете кредит – направете го токму тоа, подигнете кредит потрошувачки, знам каматата е висока, ќе зароботат на мене, нема јас да им ги полнам џебовите на банките и ред останати причини кои ќе ве одвратат. За мене тоа претставува најдоброто нешто подигнување на кредит… Заработуваш од туѓи пари… Кредитот ти овозможува од ништо да создадеш нешто, од 0 денари да направиш денари. Како ќе прашате, одговорот е едноставен купете акции, не било какви, купете акции кои носат дивиденда. Јас го направив следново:
Купување акции со кредит – звучи лудо, но туѓите пари работат за мене
Подигнав кредит на 200.000 денари со рок на отплата од 3 години и со 6.46% номинална каматна стапка(надвор од банкарски термини ќе плаќам околу 100 еур во текот на три години), со тие пари купив акции од Телеком, по цена негде од 395 ден по акција вкупно 496 акции, за кои потрошив 195,920 денари плус провизија од 2351 денар. Тоа беше во период кога Телеком ја објави дивидендата од 5,3% односно 19,34 денари по акција.
Откако ќе ја направиме математиката ќе го увидме следново 496 акции помножено со дивидендата 19,34 денари ќе добиеме 9.592 денари вкупна дивиденда пред оданочување или 8.537 после одначување. Сега да земеме дека кредитот ќе го отплаќам три години, по околу 6100 ден месечно, во 36 месеци тоа би изнесувало 219.000 денари. Бидејќи акциите се купени од компанија која редовно дели дивиденда и тоа во овие граници од околу 5% би можеле да очекуваме дека и во наредните две години би била тука негде дивидендата.
Преку оваа претпоставка доаѓаме до следното: 8.537 денари дивиденда помонжена по 3 години добиваме дека во три години ќе добиеме дивиденда од 25.611 денари, додека пак за кредитот каматата што ќе ја исплатиме би била негде околу 19600 денари, што ни остава 6.011 денари заработка.
Што ќе се случи после десет години?
години | Број на купени акции | Дивиденда | Данок | Добивка после оданочување | Реинвестирана добивка во акции | Вкупна вредност |
1 | 496 | 19,34 ден | 11% | 8537 | 21 | 204.215 |
2 | 517 | 19.34 ден | 11% | 8898 | 22 | 212.905 |
3 | 539 | 19,34 ден | 11% | 9277 | 23 | 221.990 |
4 | 562 | 19,34 ден | 11% | 9673 | 24 | 231.470 |
5 | 586 | 19,34 ден | 11% | 10.086 | 25 | 241.345 |
6 | 611 | 19,34 ден | 11% | 10.516 | 26 | 251.615 |
7 | 637 | 19,34 ден | 11% | 10.964 | 27 | 262.280 |
8 | 664 | 19,34 ден | 11% | 11.429 | 28 | 273.340 |
9 | 692 | 19,34 ден | 11% | 11.911 | 30 | 285.190 |
10 | 722 | 19,34 ден | 11% | 12.427 | 31 | 297.040 |
Оваа табела е дадена за пример да се види текот на инвестицијата
Бројката обележана со црвено е кога заемот од банката приближно ќе се изедначи со инвестицијата. Тоа е во третата година, односно истата година кога и завршува исплатата на кредитот.
За потребите на примерот е земено цената на акцијата да не се менува и нивото на дивидендата да остане иста.
Што доколку компанијата не исплати дивиденда?
Секоја инвестирање носи и свој ризик, затоа при изборот на компанија од која ќе купиме акции, треба да бидеме повеќе од внимателни и да направиме истражување за компанијата. Избрав компанија која повеќе последователни години исплаќа дивиденда и за која мислам дека и понатака ќе продолжи да исплаќа. Кредитот ќе се отплати, времето ќе помине, а вам ќе ви останат дивидендите и акциите на кои цената би можела и да се зголеми.
Што се случи во 2024 година со парите од кредитот ?
Телеком за 2023 година исплати поголема дивиденда од очекуваната односно 25,65 денари по акција. Додека пак за 2022 и за 2021 година имаше исплатено 19,34 денари и 19,96 денари соодветно. Тоа изразено во пари за моето портфолио изгледаше вака: дивиденда добиена за 2022 година изнесуваше 8.537 денари и дивиденда за 2023 изнесуваше 11.323 денари.
Со тоа добиваме дека за две години сме добиле вкупно 19.860 денари дивиденда. Ако земеме дека за да го исплатам кредитот од банката, треба да вратам вкупно 221.990 денари од кои 21.990 денари е каматата, добиваме дека со дивидендата скоро и да сум ја исплатил каматата.
Во однос на цената на акцијата тоа изгледа вака: набавив 496 акции по цена од 395 денари. Ако ја погледнеме цената на Телеком од последното тргување на 18.10.202421 изнесува 430 денари, или моментално тие акции вредат 213.280 денари, што значи ако ги продадам акциите и ја додадеме дивидендата ќе добиеме сума од 233.140 денари, што секако е повеќе од вкупниот износ на кредитот.