Време е да кажеме збогум на историскиот раст на S&P 500

од | 27 октомври, 2024

S&P 500 порасна на највисоко ниво со изненадувачки брзо темпо оваа година, забележувајќи ги своите најсилни перформанси од 1997 година до денес. Но како што кажа еден аналитичар од Goldman Sachs, сите добри работи мора да завршат некогаш.

Аналитичарите на Goldman Sachs прогнозираат дека S&P 500 ќе се врати во просек од само 3% годишно во следната деценија, што е далеку од просечниот годишен принос од 13% во последните 10 години.  Исто така, прогнозираат дека шансите на акциите да не успеат да ја надминат инфлацијата е околу 33%

.Прогнозата на Голдман е далеку под консензусот на Волстрит. Според Волстрит, проценката е дека 10-годишни прогнози за перформансите на S&P 500 се движат од најниско ниво од 4,4% до највисоко ниво од 7,4%, при што просекот е 6%.

Од каде потекнува песимизмот на аналитичарите ?

Една од основните причини за загриженоста на Голдман е екстремната концентрација на пазарот, која според нивната мерка е блиску до највисокото ниво во последните 100 години. Концентрацијата со оваа големина, велат аналитичарите, ги прави перформансите на S&P 500 премногу зависни од растот на заработката на најголемите компоненти на индексот.

Десетте најголеми акции во S&P 500 во моментов сочинуваат околу 36% од индексот, што е далеку повисоко од кое било друго време во последните 40 години. Овие акции се зголемија во голем дел поради нивниот исклучителен раст на заработката во последните две години. Величествените седум – Apple (AAPL), Nvidia (NVDA), Microsoft (MSFT), Alphabet (GOOG; GOOGL), Amazon (AMZN), Meta Platforms (META) и Tesla (TSLA) – повеќе од двојно ја зголемија својата заработка, на основа од година во година во првиот квартал од 2024 година.

Сепак, историјата покажува дека е исклучително тешко да се одржи растот на заработката со ова темпо. Само 11% од компаниите на S&P 500 од 1980 година одржувале двоцифрен раст на продажбата 10+ години, според анализата на Голдман.

„Нашите историски анализи покажуваат дека е исклучително тешко за која било фирма да одржува високи нивоа на раст на продажбата и профитни маржи во долготрајни временски периоди“, пишуваат аналитичарите од Голдман.

Растот на заработката на Magnificent Seven веќе почна да опаѓа од неговото метеорско темпо во последните две години. Растот на профитот на групата се очекува да се намали на нешто повеќе од 18% во третиот квартал бидејќи споредбите од година во година стануваат потешки за одржување.

Сепак, се очекува растот да се засили за другите 493 компании, за кои се предвидува дека ќе забележат двоцифрен раст на заработката во следните пет квартали, што значително ќе го намали јазот меѓу тие компании и Magnificent Seven.

Што значи тоа за вашето портфолио ?

Екстремната концентрација на пазарот и тешкотијата да се одржи растот на заработката се двете клучни причини зошто Голдман очекува дека S&P 500 индексот ќе го забави темпото на раст во следната деценија.

Голдман, според нивниот модел за еднаква тежина, очекува деќа ќе го надмине за 8% годишно до 2034 година, што претставува најголемо ндминување од 1980 година. Тоа можеби изгледа екстремно, но аналитичарите се забележуваат дека пазарот на капитал ретко бил концентриран како што е сега.

Тековниот рекорден успех за индексот со еднаква тежина е 7%, што го постигна во децениите што завршуваат во 1983 и 2010 година. Овие два 10-годишни распони, посочува Голдман, започнаа кога пазарот беше на врвот на концентрацијата, како што е денес.