Што претставува BDC (компанија за развој на бизнис) сектор ?
Компанијата за развој на бизнисот (BDC) е организација која инвестира во мали и средни компании, како и во компании кои имаат финансиски проблеми. BDC им помага на овие фирми да ги надминат почетните пречки и да им овозможат да пораснат. Оние компании кои се соочуваат со финансиски проблеми, можат да се обратат до фирми од BDC секторот за да ги надминат. Една од компаниите кои работат во овој сектор е Pennant Park Floating Rate Capital.
Pennant Park Floating Rate Capital
Практично непознатата акција со ултра висок принос е компанијата за развој на бизнис (BDC) Pennant Park Floating Rate Capital (PFLT) . Иако не се зборува многу за оваа компанија, нејзината акција, добро ќе им дојде на оние кои што бараат висок дивиденен принос.
Тоа што компанијата се фокусира на долговите е во тесна врска со нејзиниот принос. Бидејќи повеќето средни компании имаат ограничен пристап до традиционалните финансиски услуги, Pennant Park може да генерира приноси на заеми кои се многу над просекот на пазарот. Од средината на 2024 година, таа носи просечен пондериран принос од 12,1% на должничките инвестиции.
Уште поважно, целото портфолио на должнички хартии од вредност на Pennant Park Floating Capital е со променлива стапка. Најагресивниот циклус на зголемување на стапките во последните четири децении помогна да се зголеми пондерираниот просечен принос на Pennant Park за должничките инвестиции за 470 базични поени од 30 септември 2021 година. Пондерираниот просечен принос на должничките инвестиции на компанијата ќе остане многу подолго над преовладувачката стапка на инфлација.
Кои се ризиците доколку инвестирате во Pennant Park Floating Rate Capital ?
Најголемата загриженост за инвестирање во BDC со мала капитализација е што ги фокусира своите напори за кредитирање на генерално недокажани бизниси и тоа колку од нив ќе преживеат доколку американската економија влезе во рецесија. За среќа, менаџерскиот тим на Pennant Park презеде голем број чекори за правилно да ги провери своите заеми и да ја заштити својата главнина.
На пример, инвестициското портфолио на компанијата од 1,66 милијарди долари, кое вклучува инвестиции во капитал, е распространето низ 151 компанија. Со просечна големина на инвестиција од „само“ 11 милиони долари, со тоа компанијата го има диверзифицирано портфолиото и нема ништо да се промени доколку една компанија од портфолиото пропадне.
Од вкупните 1,449 милијарди долари само 1,2 милиони не се обезбедени со прв ред на залог. Тоа значи дури и некоја компанија да отиде во стечај, Pennant Park ќе биде во првиот ред да добие отплата за нејзините средства.
Чекорите што ги презеде за правилно проверување на компаниите со средна големина и заштита на нејзината главнина, резултираа со разумно ниска стапка на непресметлива (деликвентна) стапка од 1,5% од основата на трошоците на портфолиото заклучно со 30 јуни оваа година.
Колкава е дивидендата што ја исплаќа Pennant Park ?
Вреднувањето на компанијата е последниот дел од сложувалката што ќе ги натера инвеститорите да го зголемат својот удел во оваа компанија. Моментално цената на акцијата е за околу 4 % потценета, што ја прави привлечна за купување. Често пати кога цените на акциите се движат надолу на берзата, акцијата Pennant Park ќе ги следи, што ќе резултира со уште поголема можност за купување и заработка. Но во поголемиот дел од времето цената на акцијата на компаниите од BDC секторот се блиску до нивната книговодствена вредност.
Pennant Park Floating Rate Capital, не би требало да има проблеми да ја одржи својата месечна (да, месечно!) исплата од 0,1025 УСД по акција, што во моментов е еднакво на годишен принос од 11,4%.