Зошто вложувам во акции: Мојата приказна

од | 30 ноември, 2024

Инвестирањето во акции не е само финансиска одлука за мене – тоа е начин како да ја зголемам својата вредност, да ги поддржам иновациите и да создавам иднина што ја посакувам. Во мојот портфолио се наоѓаат компании кои ги одразуваат моите верувања и оптимизмот за иднината: Tesla (TSLA), Nvidia (NVDA), Marathon Digital Holdings (MARA), CleanSpark (CLSK), Coinbase (COIN), IonQ (IONQ), Iris Energy (IREN), SoFi (SOFI), Palantir (PLTR), и MicroStrategy (MSTR).

Овие акции претставуваат мешавина од иновации во вештачка интелигенција, квантна технологија, криптовалути и дигитална трансформација, сектори кои верувам дека ќе имаат огромен раст во годините што доаѓаат.

Инвестирање во акции

Tesla (TSLA): Tesla е лидер во производството на електрични возила и складирање на енергија. Компанијата е позната по моделите како Model S, Model 3, Model X, Model Y и Cyber Truck. Илон Маск, нејзиниот извршен директор, има амбициозни планови за автономно возење и меѓупланетарни патувања. Меѓутоа Тесла не е само автомобилска компанија туку предводник во трката за вештачка интелегенција. Тесла инвестира масовно во изградба на супер компјутери кои ги користи за тренирање на нивниот автопилот и за тренирање на нивниот човеколик робот.

Nvidia (NVDA): Nvidia ја револуционизира индустријата за вештачка интелигенција (AI) и графичката обработка. Нивните графички процесори (GPUs) се суштински за AI, cloud computing и игри, што ја прави оваа компанија клучен играч во дигиталната ера. Нивните иновации во чипови како H100 и A100 помагаат во обука и извршување на големи AI модели како ChatGPT. Nvidia е исто така водечки снабдувач на хардвер за дата-центри, автономни возила и виртуелна реалност.Nvidia на први јануари 2023 година имаше маркет кап од 380 Милијарди долари и во рок на нецели 2 години успеа да стане највредна копанија во светот со маркет кап од 3.44 трилиони долари поминувајќи ги сите гиганти како APPLE, MICROSOFT и GOOGL.

Palantir (PLTR): Palantir е софтверска компанија специјализирана за обработка и анализа на големи податоци. Нивните производи, како Palantir Foundry и Gotham, се користат од владини институции и корпорации за донесување критични одлуки базирани на податоци. Компанијата има уникатен пристап во решавањето на комплексни проблеми како национална безбедност, здравство и предвидувања на ризици, што ја прави суштинска за иднината на аналитиката.

SoFi (SOFI): SoFi е финтех компанија што ја модернизира банкарската индустрија. Со своите иновативни решенија за кредитирање, инвестирање и банкарски услуги, SoFi привлекува се повеќе корисници, особено помладата генерација.

IonQ (IONQ): IonQ е предводник во квантната компјутерска индустрија, фокусирајќи се на развој на квантни компјутери што можат да решат сложени проблеми кои се надвор од дофатот на традиционалните компјутери. Со технологија што се базира на јонски стапици, IonQ има потенцијал да го револуционизира начинот на кој функционираат индустрии како фармација, финансии и логистика. Со нивните партнерства со ASTRAZENECA, University of Maryland и  NKT Photonics IONQ ја гарантира својата позиција како предводник на квантиот бум кој допрва го очекуваме. Инвестирањето во IonQ е ризично поради раната фаза на развој на квантната технологија, но долгорочните можности се огромни. Како квантните компјутери стануваат сè попрактични, IonQ е добро позиционирана да биде на чело на оваа револуција.

MicroStrategy (MSTR): MicroStrategy е софтверска компанија која се претвори и во голем инвеститор во Bitcoin. Покрај своите софтверски решенија за бизнис интелигенција, MSTR има значителни инвестиции во криптовалути. Компанијата користи стратегија на купување и држање на Bitcoin како дел од својата стратегија за корпоративни резерви. Оваа двојна улога може да привлече инвеститори заинтересирани за и софтвер и криптовалути. Акциите на MSTR се поврзани со перформансите на Bitcoin, што ги прави ризични, но и потенцијално добитни. Инвеститорите треба да ја следат како софтверската, така и крипто страна на компанијата.

Marathon Digital Holdings (MARA): Marathon Digital Holdings е компанија фокусирана на криптовалути, специјализирана за рударство на Bitcoin. Тие работат со големи инфраструктури за рударство, користејќи големи количини на електрична енергија. MARA има за цел да биде еден од најголемите рудари на Bitcoin во светот. Цената на акциите на MARA е тесно поврзана со цената на Bitcoin и други криптовалути. Инвестирањето во оваа компанија е ризично поради волатилноста на криптовалутите. Сепак, може да донесе значителни добивки ако пазарот на криптовалути расте.

CleanSpark (CLSK): Cleanspark е компанија која се занимава со одржливо рударство на криптовалути. Тие се фокусирани на енергетски ефикасни решенија за рударство, што ги прави поодржливи од традиционалните рудари. CLSK користи обновливи извори на енергија за своите операции. Компанијата работи на зголемување на својата рударска моќност и ефективност. Акциите на Cleanspark можат да бидат привлечни за инвеститори кои се интересираат за зелените технологии. Како и со другите крипто-рударски компании, ризикот е висок, но и потенцијалот за добивка може да биде значаен.

Coinbase (COIN): Coinbase е една од најголемите платформи за размена на криптовалути и клучен играч во инфраструктурата за криптовалути. Нуди едноставен пристап за купување, продавање и складирање на криптовалути. Coinbase е регулирана и работи во САД, што додава легитимност во просторот на криптовалутите. Приходите на компанијата се поврзани со волуменот на тргување на платформата. Акциите на COIN се високо волатилни, одразувајќи ги флуктуациите на пазарот на криптовалути. Инвеститорите треба да бидат подготвени за големи промени во вредноста на акциите.

Iris Energy (IREN): IRIS Energy е компанија која се фокусира на рударство на Bitcoin и на дата центри кои работат на обновлива енергија. Компанијата е позната по тоа што ги користи вишоците на обновлива енергија за да ги напојува своите операции за рударство. IRIS Energy има за цел да биде одржлива и еколошки одговорна, користејќи 100% обновлива енергија за своите активности. Тие работат на проширување на својата рударска моќност, со планирана експанзија до 50 EH/s до средината на 2025 година. Инвеститорите во IRIS Energy можат да бидат привлечени од комбинацијата на крипто рударство и зелена енергија.

Сепак, ризиците се поврзани со волатилноста на криптовалутите и регулаторните промени околу енергијата и рударството.Моите позиции не се само финансиска стратегија, туку и израз на мојата верба во технологиите и секторите што го дефинираат новото време. Верувам дека со вложување во овие компании, не само што ќе остварам финансиска добивка, туку и ќе бидам дел од еден поголем процес на создавање иновации и трансформација на светот.

Заклучок

Инвестирањето во акции е патување кое бара истражување, верба и трпение. Со изборот на компании кои ги поддржуваат моите лични и професионални визии, верувам дека инвестирам во иднината, не само за мене, туку и за општеството. Ако сте љубопитни за светот на акциите, ве поканувам да го истражите овој свет заедно со мене.

И за крај сакам да им се заблагодарам на инвестирај.мк за оваа соработка и исто така да му се заблагодарам на мојот ментор и пријател Иван Ивановски кој ме научи како правилно да инвестирам и ми помогна да избегнам многу почетнички грешки.