ФЕД може да ги намали каматните стапки оваа среда, што ќе се случи следно?

од | 17 септември, 2024

Историски гледано S&P 500 оди во одреден правец секогаш кога ќе се намалат каматните стапки

Дојде долгоочекуваниот момент. Федералните резерви се состануваат оваа недела, а економистите предвидуваат дека креаторите на политиката ќе го започнат првото намалување на каматните стапки во последните четири години. Банката на федерални резерви започна да ги крева стапките уште во 2022 година за да ја смири инфлацијата и оттогаш ја подигна референтната стапка 11 пати, достигнувајки го денешното ниво од 5,5%. Тоа е највисокото ниво во повеќе од 20 години.

Овие потези ја завршија својата работа, со пад на инфлацијата во овој период. Во моментов, таа е на 2,5% и се приближува до целта на ФЕД од 2%. Зошто тоа ниво? Бидејќи тоа е „најконзистентно со мандатот на Федералните резерви за максимална вработеност и стабилност на цените“, според Федералниот комитет за отворени пазари.

Така, економистите и трговците шпекулираат дека во среда ФЕД ќе ја намали референтната стапка за најмалку 25 базични поени, а некои дури и предвидуваат намалување за 50 базични поени. Како инвеститор на берзата, можеби се прашувате што ќе направи пазарот по потегот на ФЕД.  да погледнеме историски како тоа се одвивало за да имаме некои предивидувања.

Зошто намалувањето на стапката е толку важна за акциите?

Повисоките каматни стапки може да наштетат на корпоративната заработка и желбата на инвеститрите да тргуваат со акции. Како што расте каматната стапката на федералните средства, така се зголемуваат трошоците за позајмување на граѓаните и на компаниите.

На пример, компаниите кои што имаат висок раст, а воедно користат и големи заеми за да го одржат растот, или пак да го прошират бизнисот, ќе забележат и високи трошоци за отплаќање на заемите. Како резултат на тоа, инвеститрите се загрижени дека компаниите нема да можат да го одржат предвидениот раст, а со тоа се намалува и желбата за тргување со нивните акции. Додека пак за обичниот граѓанин тоа значи дека ќе му се зголемат трошиците за живот и тоа директно ќе влијае на нивниот буџет и нивната куповна моќ.

Инвеститорите во вакви случаи најчесто се решаваат да не тргуваат со акции од млади технолошки компании, кои од овие причини би можеле и да затворат, исто така инвеститорите во вакви услови најчесто ги избегнуваат и компаниите кои што работат во областа на туризмот или забава, бидејќи тоа претставуваат трошоци од ставката луксуз.

Понекогаш некои инвеститори во услови на високи каматни стапки воопшто не тргуваат на берзата, туку тие своите пари ги вложуваат во обврзници.

Кога каматните стапки паѓаат ситуацијата се менува, затоа што кредитите стануваат подостапни и поевтини како за компаниите така и за граѓаните. Во такви услови и граѓаните повеќе трошат на не суштински работи. Сите овие фактори создаваат можности за поголеми корпоративни зарабоптки, а со тоа на инвеститрите им се зголемува мотивот за тргување.

Перформансите на S&P 500 по минатите намалувања на стапките

Ако погледнеме историски на последните две намалување на каматните стапки , идексот S&P 500 имаше двоцифрен раст. Па така намалувањето на 3 март 2020 година влијаеше на S&P 500 да порасне за 27 %, додека пак намалувањето на каматните стапки од страна на фед на 01.08.2019 година, порасна за 10%.

Невозможно е да се предвиди што ќе направи индексот понатаму, но поновата историја ни покажува поволен тренд. Земајќи го тоа предвид, ако ФЕД ги намали стапките како што се очекува, или направи уште поголемо намалување во среда среда, нема да ја смени многу ситуацијата преку ноќ. За тоа ќе бидат потребни низа намалувања за да се добијат конкретни резултати.

Добрата вест е дека потенцијалното намалување на стапката оваа недела ќе ги поттикне работите да се движат во вистинската насока – и тоа може да му помогне на S&P 500 да го следи неодамнешниот историски тренд и да се зголеми во наредната година.