Македонската берза во исчекување: Дали дивидендите ќе го разбудат пазарот?

од | 15 февруари, 2025

Помина периодот во кој македонската берза бележеше пад на цената на акциите. Најголемото намалување на цената на акциите македонсаката берза го доживеа на 05.02.2025 година. После оваа дата тргувањето одеше во позитивна насока. Акциите кои ги разгледуваме во претходниот текст, ја вратија својата вредност односно:

Комерцијална банка :

Просечната вредност на акцијата падна на најниско ниво од 28.029 за на последното тргување на 14.02.2025 просечната вредност да изнесува 29.980 денари. Интересно е што оваа банка прва го објави предлогот до собранието на акционери за распределба на дивиденда од 1250 денари, што претставува зголемување од минатата година од 37,4% кога изнесуваше 910 денари по акција.

Алкалоид :

Просечната вредност на 05.02.2025 година изнесуваше 27.275 денари за на последното тргвување да ја достигне просечната вредност од 29.986 денари по акција. Што се однесува до дивидендите алкалоид во периодот од три години редовно ја зголемува дивидендата за 50 денари по акција, односно за 2021 изнесувала 440 ден, за 2022 била 490 ден, додека пак за 2023 изнесувала 540 ден. Дали дивидендата оваа година ќе се зголеми за 50 денари, односно дали ќе изнесува 590 ден, оастанува да видиме што ќе се случува на собранието на акционери.

Макпертол :

Најниската просечна вредност на акцијата ја доживува на 05.02.2025 кога паѓа на 99.000 денари по акција, на последното тргување просечната вреднсот се зголеми па така таа сега изнесува 106.000 денари по акција. Што се однесува до дивидендите Макпетрол е една од компаниите кои редовно делат дивиденда, па така за 2021 година имаат исплатено 3.000 ден по акција, за 2022 год. имаат исплатено 3.300 ден по акција, додека пак за 2023 исплатија 3.700 ден по акција.  Инвеститорите секако позитивно гледаат на овој тренд на зголемување на дивидендата и се надеваат дека ќе продолжи.

Македонски Телеком :

Просечната вреднсот на акцијата се намали на 410 денари, на 02.05.2025, за на последното тргување просечната цена да се искачи на 422 ден по акција. Се разбира и оваа компанија редовно исплаќа дивиденда кон своите инвеститори, па така за 2022 година има исплатено дивиденда од 19,34 денари по акција додека пак за 2023 година бележеше зголемување и исплати 25,6 денари по акција. Инвеститорите се во исчекување за испалта на дивиденда за 2024, со надеж за поголема од минатата година, а во согласност со позитивните финансиски извештаи за работата на друштвото.

НЛБ Банка :

Просечната вредност на акцијата на 05.02.2025 година падна на 55.217 денари за на последното тргување на 14.02.2025 година да се врати на 58.499 денари. Акцијата на оваа банка мора да истакнеме дека бележи континуиран пораст од почетокот на 2024 година кога се тргуваше за цена од околку 30.000 денари. Според тоа цената на оваа акција за период од од оклу една година скоро да се дуплирала. Дали ова зголемување на цената се должи на редовната исплата на дивиденди, или на нивната заработка од година во година, или пак на услугите што ги нудат, останува впечатокот дека оваа акција е секогаш атрактивна за инвеститорите. За 2023 година банката исплати дивиденда од 2.636 денари по акција или 8.92% но тука мораме да напоменеме дека цената за 2023 година се движеше околу 30.000 ден. Секако инвеститорите би сакале дивидендата да може да ја следи цената на акцијата, односно и оваа година да се движи процентот од околу 8% до 9%, но во тој случај дивидендата би требало да биде негде околу 4.600 ден до кај 5.200 денари.

Што треба да прават инвеститорите во овој период ?

Во периодот пред објавувањето на годишните дивиденди, инвеститорите на Македонската берза треба внимателно да ги разгледаат своите стратегии. Иако пазарот е стабилен, без значителни осцилации, претстојните дивидендни исплати можат да понудат можности за оптимизација на портфолиото.

Препораки за инвеститорите:

  • Анализа на дивидендната политика на компаниите: Истражете ги компаниите што традиционално исплаќаат стабилни и атрактивни дивиденди. Разбирањето на нивната финансиска состојба и плановите за распределба на добивката може да помогне во донесувањето информирани одлуки.
  • Позиционирање пред објавата на дивидендите: Купувањето акции пред објавата на дивидендите може да биде корисно, бидејќи цената на акциите често расте поради зголемената побарувачка. Сепак, треба да се внимава на можниот пад на цената по „ек-дивиденден“ датумот.
  • Диверзификација на портфолиото: Не се фокусирајте само на една компанија или сектор. Распределбата на инвестициите во различни компании и индустрии може да го намали ризикот и да обезбеди постабилни приноси.
  • Следење на пазарните трендови и вести: Останете информирани за најновите економски и корпоративни вести, бидејќи тие можат да влијаат на цените на акциите и на дивидендните политики.