The Economist MeetUp: Светот во 2025: Конференција што ja обликува иднината

од | 14 декември, 2024

На 11.12.2024 година, во хотелот Holiday Inn во Скопје, се одржа второто издание на Meet Up Economist – Светот во 2025-та, конференција што на едно место ги собра најистакнатите лидери, визионери и иноватори од регионот и пошироко.

На многубројните гости им се обрати Јована Стојменовиќ, која ја водеше публиката низ четирите панел-дискусии и двете интервјуа на конференцијата, поканувајќи го директорот на најголемиот издавач во Македонија, компанијата „Колор медиа плус“ и носител на линценцата на престижниот The Economist The World Ahead.

Годишникот Светот во 2025 излегува 40 години во речиси 70 земји, меѓу кои и Македонија, а содржината се важните увиди и прогнози на еминетните стручњаци и уредници, кои ја креираат и содржината за неделникот The Economist. Сакам да истакнам дека имаме фантастична македонска секција, во која многу мудри и докажани бизнисмени, дипломати и секако функционери ги споделија своите размислувања за тоа каде оди Македонија во 2025-та година“, истакна г. Наков во своето обраќање, и додаде:

 Ова е седмо издание на магазинот, а второ издание на конференцијата The Economist The world ahead MeetUp, која ја работиме партнерски со нашите пријатели Represent Communitation Macedonia, па би сакал да ја поканам директорката Наташа Божиновска Миркова да ви се обрати“, го заврши своето излагање г. Наков.

Најиновативните Светот во 2025 не е само уште една конференција. Ова е настан која ги спојува идеи, најпрогресивните бизнис-лидери и најперспективните иницијативи за да го разбереме глобалниот и регионалниот контекст кој ќе ја обликува иднината“, го почна својот говор госпоѓа Божиновска Миркова, и додаде:

Во ера на забрзани промени и трансформации, бизнисите се соочуваат со предизвици кои бараат брзи реакции, но и со можности кои бараат визија и храброст. Тука, на оваа сцена, ќе слушнеме лидери кои ги анализираат трендовите, технологиите и економските стратегии што ќе доминираат во 2025 година.

Од вештачката интелигенција и дигиталната трансформација, преку разбирањето на финансиските пазари и новите генерации на инвеститори, дигиталното банкарство, финтек-индустријата и иновациите во финансискиот сектор, сѐ до одржливоста и зелената економија, очекувањата се високи – и ние сме тука да ги дискутираме и донесеме заклучоци, заклучи таа.

Свое обраќање на конференцијата имаше и министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој најави целосна дигитализација на сите општини до 2026 година.

Досега 23 општини и Град Скопје се поврзани со ЛоГес-системот, а планот е до 2026 година сите општини да се дигитализираат целосно. Комплетната дигитализирана локална самоуправа ќе отвори нови можности за инвестиции, работни места и економски раст, создавајќи поатрактивна деловна средина.

Партнерството меѓу општините и приватниот сектор е силен катализатор за постигнување заеднички успех и создавање нови можности преку заеднички проекти, затоа, неопходна е континуираната соработка помеѓу општините, владата, бизнис-секторот и граѓаните.
Таа синергија е клуч за успешна и просперитетна иднина за сите нас“, посочи министерот Перински.

Првиот панел – Дигитално банкарство и Fintech индустрија беше модериран од Киро Бурназовски, менаџер во Evrotrust.

Овој панел го истакна брзиот раст на мобилното и електронското банкарство. Панелистите проф. д-р Георги Димитров, основач и претседател на Управниот одбор на Evrotrust TechnologiesБилјана Мишиќ, извршна директорка на Iute Macedonia, и Милена Спасовска, раководител за платежни картички и дигитални канали во Капитал Банка АД, дискутираа за адаптацијата на традиционалните банки, дигиталните паричници и моделот Buy Now, Pay Later (BNPL). Подетално за панелот можете да прочитате ТУКА.

Нагласено беше значењето на револуционерниот универзален дигитален паричник за севкупна идентификација на поединците која ќе биде достапна на ниво на ЕУ веќе од март 2025-та и безбедноста на услуги како клуч за идниот успех.

Вториот панел – Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст беше модериран од Невена Георгиевски Ангеловска, менаџер за комуникации во Пивара Скопје.

Овој панел ги осветли стратегиите за придонес кон економскиот развој и потребата од правна регулатива што поттикнува бизнис-сигурност.

Говорници на овој панел беа: Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, кој ги презентираше резултатите од Студијата за социо-економското влијание на Пивара, Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Адора Бизнис Групација, кој зборуваше за важноста на домашните инвестиции во клучните гранки: градежништво, енергетика и финансии, кои се двигатели на секоја економија, и д-р Ана Пепељугоска, партнер во Адвокатското друштво Пепељугоски, која го нагласи значењето на регулативата за иновации и развој.

Третиот панел Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови беше модериран од Наташа Велковска, директор за ПР и контент-продукција во Represent Communications Macedonia. Панелот анализираше како дигитализацијата, блокчејн-технологијата и вештачката интелигенција влијаат врз финансиските услуги. (Подетално прочитајте ТУКА)

Панелистите: Филомена Пљаковска Аспровска, главна извршна директорка на КаСис, Тони Јанковски, директор за развој и иновации во Diners Македонија, и Иван Ивановскипретприемач и инвестициски консултант, се согласија дека иновативните решенија во платежните услуги и е-трговијата се неопходни, но истакнаа дека едукацијата и зголемувањето на финансиската писменост остануваат приоритет.

Четвртиот панел: Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници беше модериран од Катерина Јордановска Манева, менаџерка за маркетинг и односи со јавноста во Кроација Осигурување. Панелот го нагласи значењето на човечкиот капитал и локалните заедници за одржлив раст.

Говорници беа: д-р Катерина Бошевска, извршна директорка на Еос МатрихКристина Крстева, директорка за одржлив развој на Бучим – Боров Дол, и Жана Базби, психолог и бизнис-консултант од Лондон.

Дискусијата покажа дека некои компании во Македонија веќе применуваат сериозни стратегии за инвестирање во заедницата и достигнување на глобалните ЕСГ стандарди, но се’ уште социјалниот аспект е занемарен, особено во делот на благосостојбата и грижата за менталното здравје за вработените. Во рамките на настанот, Борислав Миљановиќ, основач и сопственик на Represent Systems ги водеше ексклузивните интервјуа со Раде Ракочевиќ, основач на Сензал Капитал и Небојша Матиќ основач и сопственик на Микроелектроника

Ракочевиќ ги охрабри учесниците да инвестираат на берзата за долгорочна стабилност, а Матиќ ја сподели успешната приказна за воведувањето на 4-дневната работна недела.

The Economist The World Ahead 2025 MeetUp во организација на Represent Communications Macedonia и Color Media Plus не беше само конференција, туку арена на идеи кои инспирираат, отвораат нови хоризонти и создаваат конкретни можности.