Од што се состои портфолиото на SCHD ?
Овој ЕТФ главно инвестира во неколку сектори како што се финансискиот, потрошувачкиот сектор, индустрискиот сектор и во енергетиката. Целта на фондот (SCHD) е да го следи колку што е можно поблиску, пред даноци и трошоци, вкупниот принос на американскиот индекс на дивиденда 100™ на Dow Jones.
Првите неколку компании каде што овој фонд најмногу инвестира се: Home Depot INC (HD) со 4,47%, BLACKROCK INC (BLK) со 4,22%, потоа следи VERIZON COMMUNICATIONS INC (VZ) со 4,18 % и CISCO SYSTEMS INC (CSCO) со 4,18 % .
Кој треба да вложува во овој фонд ?
Овој фонд својот раст го базира врз четири критериуми, а тие се:
- Сооднос на вкупниот готовински тек, спроти вкупниот долг на компанијата,
- Колкав е повратот на капиталот,
- Дивидендниот принос,
- да има минимум пет годишен раст на дивидендата,
Може да се каже дека фондот нуди можност за оние инвеститори кои претпочитаат стабилен, но умерен раст на инвестицијата. Инвеститорите кои пак бараат акции кои нудат брз и висок раст најверојатно би го избегнале овој фонд и би се насочиле повеќе да инвестираат во технолошкиот сектор, или пак во некои од акциите од „7 те величенствени“.
Што да очекуваме од поделбата на уделите?
Денот на поделба е 10.10.2024 година, а соодносот според кој ќе се прави поделбата е 3:1, односно за секој удел што го поседувате ќе добиете два нови. Сепак ова не значи дека инвеститорите ќе се збогатат за уште два нови удела, бидејќи и цената ќе се намали соодветно. Потребата за поделба на уделите е да се направи овој фонд подостапен за повеќе инвеститори. Критериумите според кои работи фондот, а и неговата намалена цена на удел, даваат можност за стабилен раст на инвестицијата, посебно за оние инвеститори кои вложуваат на долги патеки и не се потресуваат на дневните тргувања.